Шест начини како да ги поддржите лицата со попреченост

Самодовербата, перформансите и задоволството од работното место на лицата со пореченост се под директно влијание на колегите и врсниците, како на работното место така и во заедницата. Негативните ставови на работното место или во општествените кругови се често најголемите пречки за вклучување и напредување во кариерата на лицата со попреченост (дури и во средина со силна посветеност на овие политики).

Вработувањето луѓе со различни способности има многу придобивки кои не се познати. На пример, во истражувањето на Форбс 56% од компаниите со над 10 милиони долари годишни приходи силно се согласуваат дека различноста во вашата работна сила поттикнува иновации. Соработката води до успех.

Наведуваме шест начини според кои може да се допринесе за инклузивна средина и работно место:

1. Прашајте прво и следете го нивното водство

Не претпоставувајте дека на луѓето им е потребна помош. Прашајте дали им треба нешто за да им се направи процесот поефикасен или полесен. Тие се експерти за нивните потреби и како најдобро да ги исполнат. Ако навистина побараат помош, побарајте специфични упатства за тоа како можете да помогнете.

2. Зборувајте јасно, слушајте добро

Ако работите со личност која има пречки во развојот или други когнитивни проблеми, користете јасни реченици, едноставни зборови и конкретни концепти. Измерете го темпото, сложеноста и вокабуларот на вашиот говор за да одговара на нивниот. Освен ако не сте информирани поинаку, запомнете дека тие можат сами да донесуваат одлуки. Дозволете им на луѓето со оштетен говор да ги завршат своите реченици. Не зборувајте во нивно име и не ги прекинувајте.

3. Комуницирајте директно со луѓето

Воспоставете контакт со очите и зборувајте директно со луѓето, дури и ако нивниот придружник или преведувач е со нив. Кога некое лице кое е глуво има преведувач, корисникот ќе го погледне преведувачот додека зборувате. Додека ова се случува, фокусирајте ја вашата интеракција со корисникот. Зборувајте директно со лицето во инвалидска количка, а не со некој во близина како да не постои лицето во инвалидска количка. Исто така, ако подолго време зборувате со личност во инвалидска количка, седнете за да не мора да го истегнуваат вратот нагоре за да ве погледнат. Не се потпирајте над лице во инвалидска количка.

4. Бидете свесни за личниот простор

Некои луѓе кои користат помагало за подвижност, како што се инвалидска количка, одалка или бастун, ги гледаат овие помагала како дел од нивниот личен простор. Исто така, никогаш не туркате нечија инвалидска количка без претходно да побарате дозвола од корисникот. Не допирајте ги, не движете ги и не потпирајте се на помагалата за мобилност. Ова е исто така важно за безбедноста.

5. Бидете флексибилни кон членовите на семејството на лицата со попреченост

Многу луѓе со попреченост имаат членови на семејството кои се грижат за нив, односно се нивни придружници. Во многу случаи, сопружникот на лице со попреченост може да ја напушти работата заради потребите на нивниот брачен другар. Да се биде флексибилен кон потребите на членовите на семејството, ги држи британските Колумбијци во работен однос и го намалува секое дополнително влијание врз домаќинствата и работната сила во општината во која живее.

6. Кога организирате средби, проверете ја пристапноста

Потврдете го местото на состанокот пред состанокот и испратете детални упатства за пристапноста на местото на одржување на состанокот. Прашајте дали има нешто што можете да направите за да се подготвите за состанокот за да бидете сигурни дека секој е во можност да присуствува без никакви пречки.

Не заборавајте дека грешките се случуваат! Важното нешто што треба да се запамети е само да поставувате прашања и да ги следите инструкциите. Барањето на некои од овие совети може да биде непријатно за прв пат. Особено ако прашувате некој кој штотуку сте го запознале или е нов во вашата компанија.

Ние природно се обидуваме да избегнеме незгодна ситуација и може несвесно да се обидеме да избегнеме интеракција со колегите со попреченост, создавајќи чувство на исклучување кај нив. Штом го поминете првиот пат, потоа брзо станува полесно. И обратно, прашувањето на некого за нивната попреченост станува сè потешко и сè понезгодно ако константно ги избегнувате. Не дозволувајте непријатноста да ве спречи.

Избор и превод: Леа Караџовска

Објавен : ноември 20, 2020