Член на ПРКОС може да биде секој граѓанин, државјанин на Република Македонија, без разлика на пол, возраст, верска определба и националност, кој се согласува со нашиот Статут, мисија, визија, принципи и начини на работа.
Малолетно лице со наполнети 14 години се зачленува со давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник.
Лица со ограничена или одземена деловна способност можат да бидат членови, исто така, со давање писмена изјава за согласност од законскиот застапник.
Зачленувањето е доброволно и бесплатно, а може да биде и тајно. Сите членови имаат еднакви права и должности. Од секој член, секако, се очекува да учествува активно во работата на Центарот за попреченост, да бира и да биде биран во неговите органи, да покренува иницијативи, предлози и расправи по одредени прашања, кои се значајни за остварување на целите и задачите на Здружението, како и да одлучува за истите.
