Промоција на „Цветната дружина“

Со задоволство ја најавуваме промоцијата на првата македонска инклузивна, едукативна и интерактивна книга за деца. Цветната дружина е приказна за десет посебни детенца и за нивните десет омилени цвеќенца. Ја напиша Ирена Поповска, ја илустрираше Никола Радуловиќ, а ја дизајнираше студиото Кома. Активностите ги осмисли педагогот Катерина Данилоска Поповска. Издавач на публикацијата од 72 страници е ПРКОС.

За книгата ќе зборуваат рецензентот Никола Гелевски – писател и уредник на порталот Окно и на издавачката куќа Темплум, како и Ивана Василевска Петровска, специјален едукатор и рехабилитатор во училиштето Иднина, и потпретседател на Македонското научно здружение за аутизам. Ќе се забавуваме со танчерите од студијата Еурека и Битрикс, а ќе пееме со хорот на колективот Ветерница и Трисомија 21.

Настанот ќе се одржи на 16 април во 12 часот во Грин Хаус на Илинденска 94.

Објавен : април 15, 2022