За сите

За општото добро

Оштопозната е констатацијата дека попреченоста не е само проблем на поединецот, туку и на целата средина, која е едноставно должна да ја третира и ситуира како очекувана човечка инаквост. Сепак, инертните системски политики како само да ги мултиплицираат тешкотиите на лицата со попреченост во маѓепсаниот круг во кој се веќе затекнати.

Немањето личен асистент, мачното секојдневие, нискиот степен на образование, невработеноста и многу често незавидната финансиска состојба – сите овие неприлики водат кон се` поголемо отуѓување, оддалечување и исклучување на оваа ранлива група од главните општествени текови. Перцепиран по однапред сервирана матрица од забетонирани верувања и предрасуди, феноменот попреченост се` уште е енигма за најголемиот дел од граѓанството. Затоа, донекаде е разбирлив јазот што постои меѓу овие два света. ПРКОС работи на пробивање нови хумани патеки кои ќе ги поврзуваат сличниот и различниот ученик, студент, работник, сосед, роднина, другар, партнер, родител. За општото добро. За среќата на сите. За-едно!