Донирај

Лицата со попреченост се најчесто далеку од видокругот на стандардните животни колосеци. И тоа е така бидејќи патиштата на едните огреани со сонце и на другите замрачени во сенка сосема се разидуваат. Но, ПРКОС знае што значи намалена мобилност, гледа зошто очите се во душата, слуша глас и покрај нечујноста, разбира како е да си невидлив, сфаќа колку боли обесправеноста врз основа на различноста наречена попреченост, и цврсто тежнее кон темелни промени на овие тажни состојби. Притоа, сосема ни е јасно дека пред нас е долг, мачен пат од исклучителен напор, труд, посветеност и истрајност.

Затоа, донирајте за да се создадат подобри услови за нашата работа. Тоа значи дека ни се потребни повеќе соработници, како и посоодветни простории за вршење на дејностите и активностите. Донирајте за да во иднина основаме фонд за социјалните случаи и семејства со посебни потреби. Донирајте за да направиме силна дигитална, а, консеквентно, и реална заедница на лицата со попреченост, која ќе ги претставува, зближува и сплотува во тешките времиња.

Жиро Сметка: 210-0725891701-94
Депонент: НЛБ Банка АД Скопје