Волонтирај

Волонтерскиот ангажман кај нас е сѐ уште потценет затоа што е недоволно разбран од многумина. ПРКОС, меѓудругото, работи и на подигнување на јавната свест за оваа алтруистичка активност и се стреми да ја искачи на достојно цивилизациско ниво со постепено создавање на волонтерска мрежа за помош на лицата со попреченост. Нивното опслужување покрај примарната цел, ќе го јакне солидарниот дух и ќе допринесе во разбивање на стереотипите за овие лица.

Волонтирањето е и еден вид протест против континуираната негрижа на системот за нивните потреби. Тоа е одговорност и кон себе и кон околината. Волонтирањето е и вратена само-доверба и најдена верба во другиот. Симпатија и емпатија се клучните позитивни и меѓусебни чувства кои оваа дејност ги поттикнува.

Бидејќи се докажани нејзините лични и колективни бенефити и ефекти, ве охрабруваме сите вас – тинејџери, студенти, работници, безработници, пензионери – да се пријавите и станете дел од нашиот тим, секој во зависност од афинитетите, можностите и потребите ќе допринесува во реализација на нашите заеднички проекти.

Пријавете се со тоа што ќе напишете некој ред за себе