Совети за чистење и дезинфекција на количката

Соодветното чистење и дезинфекција на количката е клучно за подолго да трае и да се користи, но исто така е важно и за превенција на ширење на бактерии и вируси како ковид-19.

Поради лесната преносливост на вирусот, СЗО даде важни препораки за спречување на ширењето, вклучувајќи социјална дистанца, редовно миење на рацете и интензивно чистење на површините и продуктите кои ги користиме секојдневно.

Денес би сакале да споделиме упатства и совети за да ви помогнеме да ја дезинфицирате вашата количка секојдневно и со тоа да го спречите ширењето на вирусот.

Kако да се чисти и дезинфицира количката?

Чистење наспроти дезинфекција

Прво нешто што треба да запомниме е дека чистењето не е исто што и дезинфицирањето. Со чистењето ги отстрануваме микробите и нечистотијата од површината, но не ги уништуваме микробите. Отстранувањето само го намалува бројот на микроби и ризикот да се рашири инфекцијата.

Од друга страна, со дезинфицирање на количката ги уништуваме микроорганизмите како бактериите при употреба на хемикалии. Овој процес не значи дека сме ги исчистиле валканите површини. Уништувањето на микроби откако претходно ќе се исчисти површината придонесува за понатамошна превенција од ширење на инфекции.

Имајќи го ова на ум, треба да извршувате регуларно чистење на количката и да ја дезинфицирате користејќи специјални средства за дезинфекција. Овие производи се означени како бактерицидни и вирусидни. Ве молиме внимателно да го прочитате упатството за употреба и дезинфекција.

Совети и препораки за чистење на вашата количка

  • Важно е да ја исчистите вашата количка секогаш кога посетувате јавно место како на пример супермаркет.
  • Сите контактни површини мора да се дезинфицираат со средство. Дезинфицирајте со влажни марамчиња кои содржат најмалку 70% алкохол или друго средство за дезинфекција одобрено од продавницата од каде што е купено. Средството мора да се задржи на површината најмалку 15 минути. Потоа површината треба да се избрише со марамче и да се исплакне со асептична крпа.
  • Џојстикот на електричната количка треба да се избрише со влажна крпа и разредено средство за чстење.
  • Осигурете се дека сите површини се исплакнети со чиста вода и се темелно исушени по дезинфекцијата. Внимавајте, ако вашата количка не е добро исушена, може да предизвика штета. Секогаш е подобро да ги исчистите компонентите на вашата количка со малку влажна, а не водена крпа.
  • Не користете растворувачи, белила, абразиви, синтетички детергенти, восочни емајли или спрејови.
  • Погледнете ги инструкциите за количката за повеќе информации во врска со чистењето на командите.
  • Не заборавајте да ги дезинфицирате наслонувачите за раце, рачките и другите делови на количката кои ги допираат корисникот и неговиот асистент.

Критични компоненти на количката

Иако се препорачува целосна дезинфекција на количката по посета на јавно место, има одредени аксесоари и компоненти како перниче, наслонувачи за раце, рачки на кои треба да се обрне особено внимание бидејќи константно се изложени на инфекција.

  • Предни и задни тркала: Предните и задните тркала се во постојан допир со земјината површина и како резултат на тоа, се во постојан контакт со микробите. Иако не е извршена секојдневна дезинфекција, се препорачува да се исчисти кога корисникот ќе се врати дома. Осигурете се дека средството за дезинфекција е безбедно за употреба за вашиот стол за мобилност пред нанесувањето. Исто така можете да користите и вода и сапун и темелно да го исушите седиштето. Никогаш не ја прскајте количката и не ја ставајте во директен контакт со вода.
  • Рачки: Рачките се еден од поглавните извори на инфекција на количката, бидејќи се во директен допир со многу раце, следствено ја забрзуваат преносливоста на вирусот. Поради тоа неопходно е да се чистат со средство за дезинфекција. Овие средства се означени како бактерицидни и вирусидни.
  • Потпирачи за раце: Тие се исто така честа компонента во директен допир што треба да се дезинфицира, ако е можно со еден од средствата за дезинфекција на површини.
  • Џојстик и обрач: При чистење на количкара не смееме да ги заборавиме џојстикот на електричната количка или обрачот доколку таа се управува рачно. Овие два елементи се во постојан контакт со рацете на корисникот и можат да содржат голема количина на микроби.
  • Перниче: И седечкото и задното перниче се во постојан контакт со нашето тело. Триењето и потта можат да допринесат приширење на бактериите. Ако е можно дезинфицирајте ги со средство, оставете ги да отстојат 15 минути и исушете ги со крпа или хартија за една употреба.

Доколку сте корисник на патерици, бастун или друг вид на поддршка, можете да ги следите истите препораки и да ги дезинфицирате деловите кои се постојано на допир, особено кога се користат на јавни места.

Извор: Sunrisemedical.eu

Превод: Леа Караџовска

Објавен : март 13, 2021