Како да се однесувате со слепи лица

Слепите лица знаат да се ориентираат и да се движат по улица. Тие се способни и да патуваат без помош, иако може да користат и бел стап или куче-водич. Лицето може да има визуелна попреченост која не е очигледна. Бидете подготвени да понудите помош – на пример, да им прочитате нешто – кога ќе бидете прашани.

Претставете се пред да стапите во физички контакт со слепо лице. Кажете му ги вашето име и вашата позиција доколку е тоа соодветно, како, на пример, чувар на безбедноста, социјален работник, рецепционер или колега-студент. И не заборавајте да го запознаете со другите што се во групата, така што тоа да не се чувствува исклучено.

Кога се работи за нов клиент или колега кој е слеп, понудете му прошетка и запознавање со вашиот објект.

Ако сте го смениле вашиот објект (односно, сте го преуредиле мебелот), известете ги вашите слепи клиенти или колеги за промените.

Слепите лица може да ги користат своите раце за рамнотежа, понудете му рака на лицето – не влечете ја неговата – доколку има потреба од помош. (Сепак, соодветно е да се води раката на слепото лице кон оградата или задниот дел од столот за да се насочи, на пример, кон скали или стол.)

Ако лицето има куче-водич, движете се од спротивната страна на кучето. Како што одите, опишувајте го опкружувањето, забележувајте на глас било какви препреки, како што се скалите (нагоре или надолу) или дупките на тротоарот.

Други опасности вклучуваат: врати што се движат, полуотворени фиоки или врати, предмети што излегуваат од ѕидови на ниво на главата како, на пример, висечки саксии со цвеќиња или ламби. Бидете конкретни во предупредувањата. Викањето „Внимавај!“ не му укажува на лицето дали треба да застане, да почне да трча, да се наведне или да скокне.

Кога насочувате слепо лице, давајте конкретни,невизуелни информации.

Наместо да кажете „Свртете десно кога ќе стигнете до одделот за канцелариски материјали“, со што се претпоставува дека лицето знае каде се наоѓа канцеларијата, речете „Одете до крајот на ходникот и свртете десно“.

Ако треба да заминете и да го оставите слепото лице само, известете го дека заминувате, но прашајте претходно дали му е потребно нешто.

Никогаш не допирајте бел стап или куче-водич.

Кучето опслужува и треба да се концентрира. Стапот е дел од личниот простор на поединецот. Ако лицето го остави стапот на подот, не поместувајте го. Едноставно, кажете му дека го оставил среде соба.

Понудете се да им ги прочитате писмените информации – како, на пример, мени во ресторан, етикети на производи или банкарски извештаи – на клиентите кои се слепи. Секогаш избројте го кусурот на глас, така што тие ќе знаат за која хартија од вредност станува збор.

Ако служите храна на лице кое е слепо, објаснете му што каде се наоѓа на чинијата користејќи ориентација на стрелките на часовникот (12 часот е најдалеку од нив, а 6 часот најблиску до нив). Отстранете од чинијата сè што не е за јадење како, на пример, декорација. Некои гости може да ве замолат да им ја исечете храната; ова може да се направи во кујната на ресторанот, пред да се послужи оброкот.

Објавен : ноември 4, 2019