Како да се однесувате со аутисти

Постојат неколку важни работи што мора да се имаат на ум кога станува збор за потребите на аутистичните лица, а кои можат да им помогнат да бидат безбедни, почитувани и рамноправни учесници во сите видови активности. Запомнете дека нештата кои се наведени овде се однесуваат на овозможување приод кон овие лица, и не станува збор за никакви екстра удобности или луксуз. Секое аутистичо лице е различно и може да има потреба од повеќе или помалку приспособувања
  • Користете пристоен вокабулар, вклучувајќи го и јазикот на идентитетот на прво место (аутист) наспроти лицето (лице со аутизам). Многу членови на аутистичката заедница силно го претпочитаат првобитниот идентитет и треба да ги почитувате нивните желби. Јазик полн со почит, исто така, значи да не се користат етикеции (високо функционален наспроти ниско функционален аутист) за да се опишат лицата.
  • Не инсистирајте тие да ве гледаат во очи додека ви зборуваат. Контактот со очи може да ги дефокусира, па дури и да направи да се чувствуваат непријатно.
  • Важно е да се разбере дека аутистичните лица комуницираат на многу различни начини, од изговорени зборови, пишување, до гестови и звуци. Корисна интеракција со аутист мора да вклучува почитување на нивниот начин на комуникација. Обезбедете си доволно време за обработка на информациите при разговор или поставување прашања на аутист. Пишан начин за комуникација (текст, инстант порака итн.) е добра алтернатива за лица кои можеби не се комотни во усна комунукација во одедени или во сите ситуации.
  • Имајте на ум дека тонот на гласот, јазикот на телото или изразите на лицето не секогаш се совпаѓаат со она што тие сакаат да ви го пренесат. Не очекувајте аутистично лице да чита невербална комуникација. Кога е потребно, бидете јасни и директни.
  • Метежот може да им пречи на аутистите. Може да им биде тешко да ги одговорат или да ги разберат нијансите во интеракцијата кога се работи за поголема група луѓе. Мали групи во тивки простории може да бидат добра опција за вклучување аутистични лица.
  • Некои лица со аутизам имаат тешкотии со звучни информации, особено кога има бучава во позадина. Корисно е да се намали секое неважно сетилно влијание за да се создаде подобра околина и следствено олеснување на комуникацијата со аутист. Станува збор за едноставни работи, како што се затворање на вратите за да се пригуши шумот во заднина или да се пронајде средина што е тивка.
  • За да се задоволат сетилните потреби на аутистите, воздржете се од ставање парфеми или миризливи тоалети. Треба да се избегнуваат гласни звуци. Осветлувањето е исто така важно. Флуоресцентното осветлување може да предизвика сериозни проблеми, па затоа природното светло или благото, придушено осветлување е подобро. Прашајте пред да користите фотоапарат со блиц, зашто може да предизвика сетилни преоптоварувања и напади кај една третина од лицата со аутизам што имаат напади и/или епилепсија.
  • Секогаш е корисно да се осигурите дека вашата цел или планови се конкретни и презентирани однапред, а потоа да се придржувате до нив. Ненадејни промени и транзиции се тешки за многу аутистични лица.

Објавен : април 8, 2019