Уметност и попреченост

Уметност vs. попреченост

Проектниот тим на NDACA овие денови го оживува наследството и богатата историја на Движењето за уметност со попреченост во Обединетото Кралство.

Движењето за уметност на лицата со попреченост е приказна за едно наследство која започна во доцните 1970-ти и сè уште цвета. Во него се вклучени попречени креативци, активисти, нивните сојузници и организации за уметности низ цела Велика Британија, кои водеа кампања и ги премостија бариерите за да направат вистински промени за лицата со посебни потреби.

Промената се случи со Актот за дискриминација на лицата со попреченост, кој беше донесен во британскиот Парламент во 1995 година. На патот кон остварување на правдата и правата, луѓето со посебни потреби направија одлична уметност, музика и култура што сведочат за моќта на Движењето за уметност со попреченост. Така што, навистина баталете го сожалувањето!

NDACA ќе обезбеди важен ресурс за лицата со посебни потреби да го остварат сопственото наследство и да донесат не-попречени лица поблиску до бариерите на еден попречен свет.

Во април 2018 година, се појавува промоцијата на нивната нова веб-страница, серија од говорни филмови за историјата, онлајн каталог со над 2000 слики, интерактивни ресурси за учење, можности за новата генерација уметници со попреченост и многу повеќе. А, новиот универзитет во Бакингемшир ќе биде домаќин на уникатно достапни истражувачки капацитети на NDACA, обезбедувајќи простор за понатамошно истражување на архивата.

Објавен : февруари 25, 2019