Томи Хилфигер ги прашува инфлуенсерите за адаптираната облека

Томи Хилфигер ја прикажа својата линија адаптирана облека за пролет/лето 2019 година, продолжувајќи ја инклузивната традиција што ja почна во 2016 година. Кампањата ги користи и социјалните медиуми со влијателните членови на заедницата со посебни потреби, вклучувајќи и спортисти и изведувачи.

Колекцијата адаптирана облека на Томи содржи облека дизајнирана за поединци со посебни потреби, за кои облекувањето може да биде вистински предизвик. Еден од пет Американци има посебни потреби, вели Томи Хилфигер на страницата на колекцијата.

Низа од видео реклами се појавија на сите социјални канали на Томи Хилфигер кои прикажуваат модели со посебни потреби како си го живеат животот и си ги следат соништата. Во едно од видеата ја има и Миа, мало девојче со Даунов синдром кое може да се облече самата благодарение на колекцијата. Во другите видеа ѕвезди се Димитри Ким, танчер со ампутација, Гевин Мек Хју, млад сурфер и актер со церебрална парализа и Лорин „Лоло” Спенсер, инфлуенсерка со АЛС.

            МекХју и Спенсер имаат секој по околу 10. 000 следбеници на Инстаграм.

            Обичните секојдневни рутински нешта се нешто кое многумина од нас ги земаат здраво за готово. Секојдневните битки како местењето на протезата за ногата во пар фармерки, справувањето со проблеми на преголемата чувствителност поврзана со аутизмот или закопчувањето на патентот на јакната со една рака изградуваат цел еден моден пазар што може да им излезе во пресрет на повеќе потрошувачи.

Колекцијата адаптирана облека на Томи Хилфигер многу личи на другата облека дизајнирана од Хилфигер, но копчињата се дискретно заменети со магнети, скриени површини со ченгелчиња и јамки ги прилагодуваат рабовите, палтата имаат патенти што можат да се затворат со една рака и други прилагодувања.

Во 2016 година, Томи Хилфигер лансираше колекција за деца со посебни потреби во која копчињата беа заменети со магнети, а околувратниците беа проширени и на закачување. Овој инклузивен дизајн беше проширен и врз пролетната колекција адаптивна облека за возрасни за пролетта 2018 година, со кампањата наречена „Независност”.

Кампањата „Независност” ја режираше Џејмс Рат, кој е роден со окуларен албинизам и нистагмус. Брендираниот краток филм го вклучуваше параолимпискиот носител на златен медал за пентатлон Џереми Кембел, аутистичниот шеф Џеремаја Џоузи, мотивациската говорничка Мама Какс и танчерката со параплегија Челси Хил.

               Други компании како Таргет исто така се обидоа да ја направат модната индустрија поинклузивна во последниве неколку години, но Томи Хилфигер е првиот голем моден бренд кој го направи тој скок. Таргет ја лансираше својата линија Кет енд Џек за деца со посебни потреби во 2017 година и од неодамна ја прошири својата женска линија Јуниверзал Тред за да вклучува и опции прилагодени за жените со посебни потреби.

               Фирмата што го истражува светскиот малопродажен пазар Корсајт Рисрч Корсајт предвидува дека светскиот пазар за адаптивна облека во 2019 година ќе достигне 288,7 милијарди долари и ќе порасне до 349,9 милијарди долари во 2023 година. Во САД, пазарот за адапативната облека ќе достигне 47,3 милијарди во 2019, а ќе порасне до 54,8 милијарди во 2023 година.

Објавен : мај 27, 2019