Правиме добри дела и растеме заедно

На 14 април (недела) на Школка во Градски парк во организација на „Аутизам ААМК“ и “Inner wheel club Skopje Europea” се одржа манифестацијата „Правиме добри дела и растеме заедно“. Настан посветен на април, месецот за подигнување на свеста за аутизмот како состојба присутна меѓу нас, но и состојба на која и треба прифаќање, почитување и инклузија во општеството. 


Тој ден правевме добри дела, ги славевме хуманоста, човечноста, како и почитувањето и прифаќањето на различностите. Тој ден ја ширевме љубовта, добрината, љубезноста и позитивната енергија. Уживавме во прекрасни музички хитови отпеани од Весна Гиновска Илкова, Пере Нокаут, Пеце Суперхикс, Дани Димитровска, Кристина Арнаудова, Мијата, Пеперминт, Лили, Филипа и Ева, во инклузивни музички и театарски точки со Ветерница, Еурека и Пиано форте со Филип Волкан, во јога и зумба со Ирена Лозана, фитнес со х. Парк Фитнес центар, цртавме во ликовното катче со кловнот Анета, игравме со Александар Матовски Цако и пеевме со 5+ бенд и Петко. 

На Школка покажавме дека знаеме и сакаме да растеме заедно!

Аутизам ААМК


https://www.facebook.com/banekoma/media_set?set=a.2459368790772818&type=3

Фото: Небојша Гелевски

Објавен : април 18, 2019