Модна попреченост

Минатата година, Кели Нокс стана еден од првите модели со попреченост кои се појавија на Лондонската модна недела. Таа и овој месец беше учесник на ова шоу. Заедно со BBC Radio 5, Кели истражува зошто лицата со посебни потреби сметаат дека е толку тешко да се пробијат во модната индустрија …

Родена сум без мојата лева подлактица. Цел живот знаев дека на моето тело му недостасува еден мал дел, но мојата душа е целосна, семоќна и неограничена.

Никогаш не сум сметала дека сум попречено лице се` додека не почнав да се занимавам со манекенство. Во 2008 година, победив уште седум други жени со посебни потреби за да станам првак – Модел со попреченост на BBC.

Јас не гледам никој како мене во модните списанија, рекламните кампањи или на модните писти. Лесно можев да се откажам, но тоа нема да го направам лесно! Сакав да го променам начинот на кој општеството ја доживува попреченоста и убавината. Да се направи разлика во светот.

Но, една деценија подоцна, нештата не се променети многу. Гледаме разновидност во однос на обликот, големината, бојата и возраста, но попреченоста се чини дека е последното табу.

Ајде да зборуваме за пурпурна фунта. Со околу 12 милиони лица со попреченост кои живеат во Велика Британија, капацитетот за трошење е вреден околу 249 милијарди фунти годишно за економијата. Тоа е голем неискористен потрошувачки пазар.

Но, модните уредници велат дека користењето на модел со попреченост, исто така, ќе исфрли и отвори други прашања за читателот и сето тоа ќе престане да биде модна приказна. На читателот ќе му треба објаснување: Кој е таа личност?

Јас прашував зошто тоа ќе стане приказна за попреченост? И лицатасо посебни потреби се човечки битија. Ова е причината зошто е толку важно луѓето да видат што значи да се биде лице со попреченост во 2018 година – некој кој е убав, силен, достоинствен, способен и модерен!

Извор: BBC

Објавен : февруари 26, 2019