Десет есенцијални факти за попреченоста

Лицата со попреченост се најголемото, најинклузивно и најразнолико „малцинство“ на светот.  Сите возрасти, родови, етникуми, религии и социо-економски нивоа се слеани таму. Сепак, тие имаат послаби здравствени резултати, пониски образовни постигнувања, помалку економско учество и повисоки стапки на сиромаштија од луѓето без попреченост. Денес, попреченоста се смета за прашање за човековите права бидејќи луѓето се попречени и од општеството, а не само од нивните тела. Овие бариери може да се надминат само ако владите, невладините организации, професионалците, лицата со посебни потреби и нивните семејства работат заедно. Светскиот извештај на Светската здравствена организација и Светската банка на тема попреченост го покажуваат патот напред преку следните десет факти.

Факт 1: Повеќе од една милијарда луѓе живеат со некаква форма на попреченост!

Ова одговара на околу 15% од светското население или една особа од седум има попреченост. Од нив повеќе од 100 милиони се деца, а помеѓу 110-190 милиони возрасни имаат многу значајни тешкотии во функционирањето. Стапките на попреченост се зголемуваат поради стареењето на населението и глобалното зголемување на хроничните здравствени состојби.

Факт 2: Попреченоста непропорционално ја загрозува ранливата популација!

Дури 80 % од сите лица со попреченост живеат во земјите во развој. Земјите со понизок доход имаат повисока зачестеност на попреченост од земјите со повисок приход. Попреченоста е почеста кај жените, постарите лица и децата и возрасните кои се сиромашни.

Факт 3: Луѓето со посебни потреби честопати не ја добиваат потребна здравствена заштита!

Половина од лицата со посебни потреби не можат да си дозволат здравствена заштита, во споредба со една третина од лицата кои немаат посебни потреби. Лицата со попреченост повеќе од два пати може да ги посочат давателите на здравствени услуги како несоодветни. Тие се со четири пати поголеми шанси да пријават лошо однесување кон нив, и со речиси три пати поголема веројатност да бидат одбиени од здравствената заштита.

Факт 4: Децата со попреченост се со помала веројатност да посетуваат училиште отколку децата без попреченост!

Празнини во комплетирање на образованието се наоѓаат во сите возрасни групи во сите параметри, при што моделот е поизразен во посиромашните земји. На пример, разликата помеѓу процентот на деца со посебни потреби и процентот на деца без попреченост кои посетуваат основно училиште се движи од 10% во Индија до 60% во Индонезија.

Факт 5: Поголема е веројатноста лицата со попреченост да бидат невработени од лицата кои не се со попреченост!

Глобалните податоци покажуваат дека стапките на вработеност се пониски за мажите со посебни потреби (53%) и за жените со посебни потреби (20%) отколку за не-попречените мажи (65%) и не-попречените жени (30%). Во земјите на ОЕЦД, стапката на вработеност на лицата со инвалидност (44%) била нешто повеќе од половина за лицата без попреченост (75%).

Факт 6: Лицата со посебни потреби се подложни на сиромаштија!

Луѓето со попреченост имаат полоши услови за живеење – вклучувајќи недоволно храна, лошо домување, недостаток на пристап до безбедна вода и санитарни јазли – одлуѓето кои не се со попреченост. Поради дополнителни трошоци како што се медицинска грижа, помагала или лична поддршка, лицата со попреченост се генерално посиромашни од оние кои не се инвалидизирани лица со сличен приход.

Факт 7: Рехабилитацијата помага да се зголеми функционирањето и да се поддржи независноста!

Во многу земји рехабилитационите служби се несоодветни. Податоците од четирите јужноафрикански земји покажале дека само 26-55% од луѓето добиле медицинска рехабилитација што им е потребна, додека само 17-37% добиле помагала што им биле потребни (на пример, инвалидски колички, протези, слушни помагала).

Факт 8: Лицата со хендикеп можат да живеат и да учествуваат во заедницата!

На 40% од лицата со посебни потреби генерално не им се задоволуваат нивните потреби за помош во секојдневните активности. Во Соединетите Американски Држави 70% од возрасните се потпираат на семејството и пријателите за помош во извршување на секојдневните активности.

На 40% од лицата со посебни потреби генерално не им се задоволуваат нивните потреби за помош во секојдневните активности. Во Соединетите Американски Држави 70% од возрасните се потпираат на семејството и пријателите за помош во извршување на секојдневните активности.

Факт 9: Бариерите на попреченоста може да се надминат!

Владите треба:

  • да обезбедат пристап до главните услуги;
  • да инвестираат во специфични програми за лицата со посебни потреби;
  • да усвојат национална стратегија и план на дејствување;
  • да го подобрат образованието на кадарот, обуката и регрутирањето;
  • да обезбедат соодветно финансирање;
  • да ја зголемат јавната свест и разбирање за попреченоста;
  • да работат на истражување и собирање на податоци; и
  • да ​​обезбеди вклучување на лицата со посебни потреби во спроведувањето на политиките и програмите.
Факт 10: Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) ги промовира, штити и обезбедува човековите права за сите лица со попреченост!

Досега повеќе од  170 земји и организации за регионална интеграција ја потпишале Конвенцијата, а над 130, меѓу кои и Македонија, ја ратификувале. Извештајот на Светската здравствена организација и Светската банка ги дава најдобрите достапни научни докази за подобрување на здравјето и добросостојбата на лицата со посебни потреби во согласност со КПЛП.

Извор: WHO & UN Statistics

Објавен : март 30, 2019