Интересни факти за церебралната парализа

Барате интересни факти за церебралната парализа? Е па, не барајте понатаму бидејќи составивме список од девет факти за церебралната парализа што дефинитивно треба да ги знаете.

Девет интересни факти за церебралната парализа

Овие факти ќе ви помогнат подобро да разберете што е церебралната парализа и како се управува со неа.

1.Не можеш да добиеш церебрална парализа како возрасен

Церебралната парализа е моторичка попречност што е предизвикана од оштетување на мозокот пред или за време на раѓањето, или набргу по раѓањето.

Поблагите облици на церебралната парализа може да поминат незабележани  извесно време сé додека детето не покаже забавување во развојот.

Кој било вид на моторичка попреченост што се случува подоцна во детството или кај возрасни не се смета за церебрална парализа. Слично на ова, не може да се „фати“ церебрална парализа на која и да е возраст. Таа не е заразна.

2. Церебралната парализа не влијае директно врз когнитивната функција

Церебралната парализа е моторичко пореметување, што значи дека специфично влијае врз движењто.

Иако 50% од поединците со церебрална парализа истовремено имаат и интелектуални попречености, тие не се предизвикани од истиот извор на оштетување на мозокот како и церебралната парализа.

Интелектуалните попречености се сметаат за придружни состојби на церебралната парализа бидејќи обично се појавуваат истовремено, но не се директно поврзани.

3. Церебралната парализа не е наследна

Церебралната парализа не е наследна, па така шансите еден возрасен со церебрална парализа да пренесе моторичка попреченост на своето дете се исти како и кај некој возрасен без церебрална парализа.

Церебралната парализа обично ја предизвикува:

  • Крварење во мозокот
  • Инфекции
  • Удари
  • Предвемено раѓање
  • Трауматска повреда на главата

4. Церебралната парализа е највообичаена моторичка попреченост во детството

Церебралната парализа е сеопфатен термин, што значи дека опишува многу различни состојби поврзани со моторните нарушувања.

Ова е една од причините зошто секој случај на церебрална парализа е единствен и бара личен план за справување со состојбата.

И додека церебралната парализа е највообичаена, други моторни попречености што можат да се случат во детството се мускуларната дистрофија и диспраксија.

5. Постојат 4 различни типови на церебрална парализа

Церебралната парализа може да се класифицира 4 различни типови:

  • Спастичен (што се карактеризира со здрвени движења и го предзвикува оштетување на моторниот кортекс)
  • Дискинетичен  (што се карактеризира со неконтролирани движења и предизвикува оштетување на базалните ганглии)
  • Атаксичен  (што се карактеризира со лоша рамнотежа и кординација го предизвикува оштетување на церебелумот)
  • Мешан  (комбинација од 2 или повеќе типови на церебрална парализа)

6. Поединците со церебрална парализа можат да ги подобрат своите моторички функции

Церебралната парализа е доживотна состојба, што значи дека оштетувањето на мозокот не поминува.

Сепак, мозокот поседува невропластичност, што е способност да се преповрзе себеси и да да ги префрли засегнатите функции во неоштетени делови од мозокот. Преку интензивна обука што се фокусира на повторувања, поединците со церебална парализа можат да ја унапредат невропластичноста и да ги подобрат своите моторички функции.

Раната интервенција е клучна за подобрување ма моторичките функции зашто детските мозоци покажуваат повисоки нивоа на пластичност од мозоците на возрасните.

7. Церебралната парализа може да делува врз лицето

Церебралната парализа може да делува врз сите делови од телото.

Може да делува врз обете страни (диплегија), само врз нозете (параплегија), само врз едната страна (хемиплегија), врз сите раце и нозе (квадриплегија), или дури и само врз еден екстремитет (моноплегија).

Затоа, не треба да нé изненадува што исто така може да делува и врз оралните мускули, што ќе ја попречува способноста да се зборува, џвака и голта.

Само зашто некој со церебрална парализа не може да зборува бидејќи не може да си ги контролира оралните мускули (дисартрија) не значи дека не ве разбира.

Многу поединци со дисартрија точно знаат што сакаат да кажат, но не можат да се изразат себеси вербално и мораат да се потпираат на алтернативни начини на комуникација.

8. Ефектите на церебралната парализа можат да се влошат ако со нив не се справува како што треба

Церебралната парализа не е дегенеративно нарушување и оштетувањето на мозокот нема да се влошува како што поминува времето.

Но, ефектите на церебралната парализа како спастичноста (постојано згрчени мускули) можат прогресивно да се влошуваат доколку не се справува со нив.

Спастичноста нема да престане само зашто мускулот е веќе згрчен; туку само уште повеќе ќе се згрчува и ќе ги нарушува движењата.

Некои од најдобриете начини да се контролира церебралната парализа се следните:

  • Физикална терапија 
  • Професионална терапија 
  • Говорна терапија
  • Лекови
  • Ботокс инјекции  
  • Ортотици  

9. Многу луѓе со церебрална парализа можат да одат

Иако церебралната парализа речиси секогаш делува врз барем една нога, двајца од тројца луѓе со церебрална парализа можат да одат.

Помошните направи како одалките и патериците можат да им помогнат на поединци со церебрална парализа да бидат помобилни, активни и независни.

Многу деца со церебрална парализа научуваат да одат со абнормални обрасци на одење како одењето на врвовите на прстите, одењетосовкрстувањенанозете, одењето со свиени колена и потклекнување поради спастичност.

Згрчените мускули ги влечат нозете во одредена положба и бидејќи мускулот не може да се опушти, движењето изгледа некоориднирано и здрвено.

Обрасците на абнормално одење можат да се подобрат преку интензивна физикална терапија што се фокусира на:

  • Продолжување на мускулите за да се зголеми опсегот на движења
  • Зајакнувањена помалку користените мускули за да се спречат згрчени мускули
  • Намалување на наглите реакции на спастичните мускули со нивно вежбање

Факти за церебралната парализа: Клучни поенти

Секој случај на церебрална парализа е единствен, и секој доживува поинакви моторички нарушувања и со нив придружни состојби.

Со церебралната парализа може успешно да се управува, а моторичките функции да се подобрат поради невропластичноста.

Се надеваме дека оваа статија ви помогна подобро да ја разберете церебралната паализа и потенцијалот за моторичко подобрување.

Извор: flintrehab.com

Превод: Марија Џонс

Објавен : октомври 5, 2021