Промоцијата раскажана низ фотографии

Фотки на Небојша Гелевски – Бане од промоцијата на првата македонска инклузивна, едукативна и интерактивна книга за деца. „Цветната дружина“ е приказна за десет посебни детенца и за нивните десет омилени цвеќенца. Ја напиша Ирена Поповска, ја илустрираше Никола Радуловиќ, а ја дизајнираше студиото Кома. Активностите ги осмисли педагогот Катерина Данилоска Поповска. Издавач на публикацијата од 72 страници е ПРКОС.

За книгата зборуваа рецензентот Никола Гелевски – писател и уредник на порталот Окно и на издавачката куќа Темплум, како и Ивана Василевска Петровска – специјален едукатор и рехабилитатор во училиштето Иднина, и потпретседател на Македонското научно здружение за аутизам.

Уживавме во позитивната енергија која зрачеше од танчерите од студијата Еурека и Битрикс и од хорот на колективот Ветерница и Трисомија 21.

Настанот се одржа на 16. 04. 2022 во Грин Хаус.

Објавен : април 19, 2022