Работа со смисла

Стивен Хокинг остави наследство кое одамна ги надмина академиските кругови и може да се најде во филмовите, најдобро продаваните книги или, всушност, насекаде. Неговата страст за науката и отклучувањето на тајните на универзумот инспирира милиони низ целиот свет. Една година по смртта на легендарниот научник, објавуваме кратка стручна анализа зошто тој ги советувал своите деца да најдат работа која има смисла

Во интервју за ABC World News од 2010 година, Хокинг беше прашан каков совет им дал на своите деца. Еден од советите бил: „Работата ти дава смисла и цел, а животот е празен без неа“.

Може ли неговата филозофија на работа да важи за сите нас? Дали животот навистина е празен без работа која не само што го става лебот на маса, туку исто така станува себе-актуелизирачко лично исполнување?

„Ако го сакаш она што го правиш, тогаш малите проблеми што доаѓаат нема да те попречат и да направат да се откажеш. Тоа е добро и за поединецот и организацијата“, вели Сали Маитлис, професор по организациско однесување и лидерство на универзитетот во Оксфорд. „Но, ако ја сакате  работата до тој степен што е апсолутно централен за тоа како вие се разбирате и што е вашиот придонес кон светот, тоа може да биде штетно“.

Сепак, Маитлис и други експерти се согласуваат дека изборот на кариера која ви дава внатрешен компас за целта апсолутно има позитивни ефекти врз вашиот живот. Истражувањата одамна го поддржуваат ова.

Американското психолошко здружение неодамна објави статија која ги синтетизира наодите на оваа тема која се протега назад од 1993 година. Истражувањата на професорката на Харвард, Тереза ​​Амабајл, откриле дека „без оглед на големината на целта – дали лекувањето е рак или помагање на колега – чувството за значење и чувството за чувство на напредок може да придонесе за среќа на работното место“.

Но, наоѓањето работа со цел може да биде тешко за многумина.

Анат Лехнер, професорка по менаџмент на Универзитетот во Њујорк, вели дека тоа е едноставно прашање: да се биде свесен за тоа што сакаш да правиш. Тоа е кога си толку маѓепсан со она што го правиш, тешко е да разделиме хоби од вистинска работа. „Вие не можете да го одделите Елон Маск од се` она што тој го гради“, вели таа.

И додека многу луѓе всушност можат да ги идентификуваат овие страсти – она ​​кон што тие природно гравитираат и можат да го направат за забава надвор од работниот часовник – тие често не дејствуваат врз нив, во смисла на создавање на кариера.

„Тие повеќе би сакале да работат во JP Morgans бидејќи сметаат дека тоа е сигурнен залог“, вели Лехнер. „Така ставаат крај на работите што инаку би можеле да напредуваат и да растат и да дадат вредност, а светот би можел да им врати и плати на добар начин“.

Уметноста на изработката

Ејми Вржашенски, професока по организациско однесување на универзитетот Јејл, сугерира надминување на ова со „изработка на работни места“: провоцирајќи ги делчињата кои ги сакате за вашата актуелна работа, а потоа тоа станува нешто што е повеќе наградувачко како целина. Таа, исто така, укажува на само-саботирачки поглед на светот кој им забранува на луѓето да ги најдат работите што им се допаѓаат.

Некои мислат дека „ти треба да го откриеш тоа – речиси како да е објективен идентитет што живее во светот, и мора да превртиш доволно камења за да го најдеш“, вели Вржашенски. „Но, тоа може да создаде и еден тон на анксиозност“. Наместо тоа, процесот може да биде експериментирање со повеќе проби и грешки.

Вдомувањето на она што го сакате може да ви даде сирова енергија која ја меша кариерата и идентитетот; што и` овозможува на вашата работа да ви даде поголемо значење и цел надвор од прогонување промоции или плаќање на сметки.

„Кога сте толку нурнати во она што го правите, ќе станете едно“, вели Лехнер. „Мислам дека Хокинг го имаше тоа задоволство!“.

Извор: BBC

Објавен : март 31, 2019