Седум идеи за подароци за корисници на колички

Новогодишните и божикните празници се на прагот, што значи време е за подарување и посакување убави желби. Купувањето подароци може да биде исцрпувачка задача, особено ако не сте многу блиски со примателот на подарокот. Изборот на нешто добро за корисник на количка може да биде уште потешко, особено ако немате попреченост и никогаш не сте користеле количка. Сепак, бирањето подарок за драга особа треба да биде и да причини задоволство. Честопати, најдобрите подароци за луѓе со попреченост се практични работи, па проверете ја оваа листа на корисни идеи за подароци што ќе им покажат дека навистина се грижите за нив и ви значат.

  1. Обвивка за масажа
    Многу луѓе кои ја користат својата количка рачно често страдаат од болки во вратот и рамото. Ако сте слушнале како корисник на количка се жали на овие болки, зошто да не понудите некое олеснување со терапевтски обвивки на вратот и рамото. Тие се дизајнирани да се вклопуваат удобно на едното или на двете рамена, а некои можат да го покријат и вратот истовремено. Топлината може да помогне при ублажување на болката и да обезбеди убав комфор каде и да сте, особено во постудените месеци.
  2. Торбички за тркала
    Секое лице со попреченост што постојано е во движење, ќе го сака овој практичен подарок. Торбичките за тркала за количка ќе им обезбедат доволно простор за складирање на сите нивни лични работи, материјали за факултет, работни папки или резервна облека. Секоја торбичка доаѓа со безбедносен внатрешен дел, совршен за скапоцености. Повеќето модели се компатибилни со обична количка и се лесни за прикачување и вадење.
  3. Лампа против сезонска депресија
    За жал, депресијата е еден од најголемите проблеми на лицата со попреченост. Параплегичарите и квадриплегиците важат за популација со највисоки стапки на стрес, депресија и анксиозност, многу повисоки од „обичните“ луѓе. Иако не можете да направите ништо за да ја „излечите“ нивната депресија, можете да им помогнете да го зголемат производството на серотонин со помош на лампа против сезонска депресија (SAD lamp). Оваа лампа емитува осветлување кое ја имитира природната светлина, со што го подобрува расположението и добросостојбата. Тие можат да ја чуваат на својата работна маса додека работат и да се опсипуваат со здрава, природна светлина што го крева расположението, го подобрува фокусот и го зголемува нивото на енергија.
  4. Уреди од нова технологија
    Новата технологија е претежно мала, практична и лесна за употреба, поради што многу луѓе во количка развиваат огромен интерес за нови технолошки иновации. Ако знаете дека вашиот пријател сака видео игри, зошто да не размислите да земете VR сет за да го направите нивното искуство со игри уште подобро? Или ако вашиот партнер сака да ја направи вашата куќа што е можно попријатна, размислете за надградба на вашиот стар термостат во модерно и елегантно гнездо. Има толку многу интересни подароци за љубителите на технологијата што не само што ќе биде забавно да се испробаат, туку и многу корисно за нивното секојдневие. Прелистајте на интернет за да најдете нешто интересно во вашиот финансиски домен и дефинитивно ќе направите некого многу среќен!
  5. Програма за препознавање глас
    Некои корисници на колички имаат потешкотии во пишувањето пораки или едноставно претпочитаат да живеат со брзо темпо и да не губат време на испраќање пораки, така што ќе можете да им го олесните животот со подарување на практична програма за препознавање глас. Овој софтвер ќе им овозможи само да кажат што имаат да кажат, а програмата ќе ги изврши сите „пишувања“. Осигурете се да изберете софтвер што е компатибилен и со компјутерите и со паметните телефони за најразновидна употреба. Најдобрите програми дури го учат и вашиот вокабулар, што ќе резултира со многу точно и брзо пишување!
  6. Помош при спиење
    Многу параплегичари, квадриплегии и луѓе кои се привремено принудени да бидат во количка пријавуваат проблеми со спиењето и несоница. Проблеми со дебелото црево или мочниот меур, замор, депресија, хронична болка, рани од притисок или само недостаток на вежбање се многу чести кај корисниците на колички и го отежнуваат спиењето. Па можеби ќе сакате да го изненадите вашите пријатели во колички со нешто што ќе ги направи нивните ноќи поудобни. На пример, машината за бел шум може да помогне при отстранување на бучавата во позадина и обезбедување мек и удобен звук. Мирисна свеќа со лаванда и смирувачки есенцијални масла од камилица е исто така одлична опција.
  7. Карти за во кино
    Ако сакате да се осигурате дека вашиот битен човек или роднина во количка излегува од дома, а сепак да остане безбеден, зошто да не земете некои карти за во кино. Најдоброто нешто е што можете дури и да го користите овој подарок заедно и да одите да ги видите сите нови блокбастери. Можете да организирате мал “дејт” од вашиот подарок. Започнете ја ноќта со вечера и завршете со романтичен филм!
    Се надеваме дека овој текст ви помогна да одберете совршен подарок за вашите сакани со проблеми со подвижноста. Сите овие нешта ќе им го направат животот малку полесен и дефинитивно позабавен, затоа подгответе се да купите неколку подароци!

Избор и превод: Леа Караџовска

Објавен : декември 28, 2020