Пристапноста како предуслов за вклученоста

Целиот мој живот сум корисник на количка, што не е баш кратко време – веќе 34 години се зад мене. И јас, како што веројатно и повеќето од нас луѓето со некаква попреченост, морав да зборувам за нашите проблеми безброј пати. Не е важно дали се сметате себеси за застапник и активист или не, сте ги имале тие разговори. Знам со сигурност дека сте ги имале. И во сите овие разговори за „проблеми со попреченоста“ секогаш се појавува една иста работа, нели? Тоа е пристапноста. Поточно, тоа е пристапноста со количка.

Дефиниција

Пред да продолжиме понатаму, мора да го дефинираме поимот вклученост или инклузија. Па, и не мора, всушност. За наша среќа, тој е веќе дефиниран. Значи, инклузијата е дејство или состојба на вклучување или вклучување во група или формација / организација.

За да бидете вклучени во која било група или организација – било да е тоа училиште, колеџ, работно место или која било друга општествена или социјална група или организација; како на пример група на филмски посетители во кино, покровители во паб или патници во трамвај – некоја личност треба да биде присутна на некоја локација во еден или во друг момент. Секако, технолошките иновации на 21-от век ни овозможуваат да бидеме и далечински присутни, но тоа не е секогаш можно, ниту е недвосмислено пожелно за која било фантазија.

Проблем

И тука лежи проблемот. Ако некој не може да биде присутен некаде, следствено, таа или тој не може да биде и вклучен/а. Се разбира, сите можеме да имаме разни објективни причини за да не можеме да бидеме присутни, како болест, откажан лет или сообраќаен метеж, но – и еве го предупредувањето – само лицата со различна попреченост, корисници на колички, имаат ексклузивно право на објективна причина наречена „пристапност со количка“. И оваа причина, за разлика од другите, го попречува вклучувањето. Бидејќи исклучува корисници на колички целосно.

Тој грип, откажаниот лет и сообраќајниот метеж се неважни, бидејќи никогаш не можев да планирам да бидам таму од почетокот. Не дека не бев вклучен во група или организација, јас физички не можев да бидам вклучен. Поради мојата попреченост. Заради мојата количка.

Има ли решение?

Секогаш има некакво решение. И во овој случај, решението е двојно. Уште повеќе, може да бидете дел од обете страни на тоа решение. Да појаснам.

Очигледно, проблемот произлегува од структурите – било да се тоа згради или инфраструктура – кои не се пристапни за количка. Исто така, очигледен е фактот дека не можете да направите многу за тоа, нели? Па, можеби можете. Не со поставување бетонски темели или редење цигли, се разбира – веројатно нема да ви биде дозволено да го сторите тоа дури и ако можете да го направите физички – туку со кревање на гласот. Станете активен член на вашата заедница и предупредувајте за проблеми со пристапноста со количка што ги препознавате во вашата околина. Станете застапник. И бидете гласни во тоа.

Вториот начин да се справите со проблемот е многу подиректен и личен – ако не можете да влијаете на промените во вашето опкружување или не можете да го направите тоа доволно брзо, можете да најдете начин полесно и успешно да се движите низ непроменетата и недостапна околина . Едноставно кажано, ова значи избор на количка што одговара на вас и на вашиот животен стил, но исто така ви овозможува да постигнете максимално можно вклучување со помагање на што повеќе локации, достапни за количка, дури и ако првично не биле дизајнирани и изградени како такви.

Конечно, имајте на ум дека едното решение не го исклучува другото. Изберете комфорна количка, но, во исто време, не заборавајте да го кренете гласот кога станува збор за пристапност со количка.

Извор: Invacare.eu.com

Превод: Леа Караџовска

Објавен : февруари 8, 2021