Прифаќање на аутизмот наспроти свесност за аутизмот: Постои ли разлика?

Веројатно сте чуле како често се користат изразите „прифаќање на аутизмот“ и „свесност за аутизмот“. Отпрвин би можеле да ви се чинат слични, но тие се како две различни патеки до истата дестинација: разбирањето и поддршката за лицата со аутизам.

На многу места, Месецот на свесност за аутизмот е битна работа. Луѓето собираат донации, споделуваат постови на социјалните медиуми во врска со аутизмот, одржуваат собири. Тоа е време на ширење на свесноста за предизвиците и славење на разликите кај оние со аутизам.

Во 2020 година, Здружението на аутистичните на Америка за првпат го замени „свесност“ со „прифаќање“. Што стои зад оваа замена и зошто се важни зборовите?

Прифаќање на аутизмот: Треба ли уште многу да се постигне?

Денес, општеството е многу посвесно за аутизмот од порано. Но, оние со аутизам често се соочуваат со многу битки низ животот, од силеџиство и предрасуди до ограничени можности за работа и пристап до здравствена грижа.

Образованието е важно за аутистичната заедница, но поборниците тврдат дека не треба да се застане на тоа. На аутистичните луѓе им треба свесност, прифаќање и вклучуеност за да добијат вистинска поддршка за својата заедница.

Месец на свесност за аутизмот наспроти месец на прифаќање на аутизмот

Здружението на аутистичните на Америка не е првата организација посветена на аутизмот што настојува на ребрендирање на Месецот на свесност за аутизмот.

Од 2011 година, Мрежата за аутистичко самопоборништво (Тhe Autistic Self-Advocacy Network – ASAN) го одбра април да биде „Месец на прифаќањето на аутизмот“. ASAN ја нагласува важноста на прифаќањето на аутизмот како природен дел на човековото искуство за да негува важен и значаен дијалог.

И други групи исто така претпочитаат да го користат Месецот на прифаќање на аутизмот наместо Месецот на свесност за аутизмот, вклучувајќи ги:

  • Асоцијацијата на Универзитетски центри за попречености,
  • Мрежата на аутистичните жени и не-бинарните, и 
  • Националното здружение на советите за попречености во развојот – National Association of Councils on Developmental Disabilities (NACDD).

Во март 2021 година, Здружението на аутистичните на Америка ги охрабри медиумите да го користат новиот јазик во нивната работа.

Кристофер Бенкс, претседателот и извршен директор на Здружението на аутистичните, ја нагласи важноста на зборовите, велејќи дека тиа играат клучна улога во промовирањето на прифаќањето на поединците со аутизам.

Препознавајќи дека прифаќањето е клучен фактор во изградувањето на силни системи за поддршка, организацијата продолжува да ја крева свеста и да негува разбирање.

И конечно, целта на Месецот на прифаќање на аутизмот е да се биде поинклузивен во однос на заедницата што сака да ја чествува. Промовира не само образование во врска со разликите кај луѓето со аутизам, туку и разбирање и почит за нив.

Зошто на лицата од Спектарот им е потребно прифаќање на аутизмот?

Можеби некому што не е од спектарот му е тешко да разбере колку всушност е важен Месецот на прифаќање на аутизмот. Тој им носи многу придобивки на лицата:

  • Зголемена самопочит: Прифаќањето им дава сила на лицата со аутизам да ја прифатат својата уникатност, а тоа им ја поткрева самопочитта и им помага да ја намалат стигмата што се поврзува со нивната состојба.
  • Промовира инклузивност: Прифаќањето охрабрува инклузивност во училиштата, на работните места и во заедниците, што пак создава диверзитет во општеството.
  • Го унапаредува менталното здравје: Чувството на прифатеност ја подобрува менталната благосостојба и ги намалува анксиозноста и депресијата.
  • Промовира позитивна промена: Прифаќањето на аутизмот го охрабрува општеството да ја чествува разновидноста на човековите искуства.

Што вели аутистичната заедница за прифаќањето?

Аутистичните лица не се монолитни – сите претпочитаат различни термини. Сепак, многумина ја поддржуваат промената од „свесност“ кон „прифаќање“ на аутизмот.

На пример, Лирик Холманс, од блогот Невродивергентен бунтовник (NeuroDivergent Rebel), објаснува:

  • Свесност за аутизмот значи да се знае дека постојат аутистични луѓе.
  • Кај прифаќањето на аутизмот станува збор за нивно прифаќање онакви какви што се, со сите нивни јаки страни и слабости.
  • Аутистичка гордост има кога аутистичните поединци се чувствуваат безбедно и самоуверено, и се горди на себеси како автентично невродивергентни. 

Во една статија на Би-Би-Си, Сарина О‘Донахју сигерира придвижување од зборување за аутизмот во смисла на „свесност“ (што честопати се поврзува со болест) кон попозитивното „прифаќање“. Оваа промена би можела да ја дестигматизира состојбата, дозволувајќи им на аутистичните поединци да ги споделуваат своите искуства на свој сопствен начин.

Ел Лав, авторка со аутизам,  нагласува дека кревањето на свеста е само почеток на дискусијата за инклузија на попреченоста. Според неа, прифаќањето е од клучна важност зашто ја зајакнува свесноста. Ја нагласува важноста на чествувањето на уникатните способности на невродивергентните поединци во нашето општество.

Свесноста станува прифаќање

Иако заедниците сè уште имаат уште многу да учат за аутизмот, од клучна важност е луѓето да го активираат во стварноста она што веќе го знаат. Се надеваме дека промената во Месец на прифаќање на аутизмот ќе доведе до тоа да има повеќе ресурси за лицата од спектарот и нивните семејства, да се подобри квалитетот на нивниот живот и светот да стане поинклузивен. Никој не може да ви каже кој Месец посветен на аутизмот да го претпочитате – но сите можеме да се согласиме дека април е време кога треба да се чествува диверзитетот и да се обединиме за да поттикнеме промена. 

Извор: Autism Parenting Magazine

Превод: Марија Џонс

Објавен : април 2, 2024