Попреченоста и потрагата по среќа

Способноста да се остави на страна она што на моменти се чини дека е хаос во животот поврзано со секојдневието на попреченоста и да се најде среќа може да изгледа неостварливо, но не е. И покрај проблемите со кои може да се соочите во врска со одредена форма на попреченост што ја имате, среќата во животот е многу реална појава. Совршено здравје и целосна физичка или ментална способност, исто така, не значи дека некој е автоматски и среќен.

Една од перцепциите што изгледа дека некои луѓе со попреченост ги прави несреќни е онаа што ја сметаат многумина во општеството дека оние од нас кои доживуваат форми на попреченост се некако „помалку од“ или не се толку способни како оние кои се во совршено здравје. Се борев со перцепциите на другите одреден период, за да откријам дека ако некоја личност не е член на семејството, пријател или близок соработник, нивните перспективи навистина немаат никакво значење за мојот живот. Зошто тогаш јас треба да бидам загрижен за негативните сфаќања на луѓето кои немаат вистинско место во мојот живот?

Во врска со ова, лицата со попреченост се патем многу различни во своите способности, а „непопречените“ особи исто така се исто толку ограничени и квалификувани на свој начин. Да се најде сопствената среќа како личност која искусува попреченост значи да разберете дека луѓето се луѓе; попреченост или не. Имам епилепсија и остеоартритис, на пример, ама тоа што не можам да играм “ол-стар” кошарка не ме засега ни малку.

Запрашајте се што е тоа што најдобро го правите, а потоа насмевнете се. Зошто? Затоа што сте добри во тоа. Без оглед што е тоа, вие сте добри во вештината што ја имате! Луѓето со попреченост можат и придонесуваат за општеството како и секој друг, нашите вештини и способности се исто толку вредни како и вештините и способностите што ги има некој друг.

Фактот дека можеби користите адаптивна опрема или имате потреба од посебно сместување, не треба да ве вознемирува. Во најмала рака половина луѓе од светот и повеќе го поминуваат нивниот ден со работи како паметни телефони, таблет компјутери, гаџети за говорни команди во нивните возила и многу повеќе. Јас би ги нарекол тие предмети, „прилагодлива опрема за лица без посебни потреби и за сите други“. Овие предмети исто така може да се гледаат како помагала и многу луѓе, и со и без попреченост, ги користат редовно.

Која е вистинската разлика помеѓу користење количка и возење наоколу во автомобил што е опремен со Bluetooth, има USB порт и On-Star? Некои луѓе кои користат колички имаат исти видови на електроника прикачени на нивните колички! Некои пак „непопречени“ лица влегуваат во нивната верзија на „инвалидска“ количка и исто така ја возат по улицата. Дали се навистина толку различни? Јас не мислам така. Начинот на кој членовите на секоја од овие групи ги перцепираат своите животи, ќе одлучи дали се или не се среќни.

Со други зборови, изборот на вашите перспективи и референтна рамка во однос на животот и другите може значително да го промени вашиот поглед на животот како личност со попреченост. Разбирањето како ги перцепирате вашите нивоа на независност, контрола и избор во животот се директно поврзани со нивото на среќа е многу важно. Лицето во општеството со кое најмногу сочувствувам е она кое работи на три работни места и сеуште се наоѓа во состојба да не може да ги плати сите свои сметки. Таквата личност може да биде здрава – сепак тие имаат мала независност, контрола над својот живот или избор во животот.

“Има толку многу можности во животот, што губењето на две или три способности не е нужно зло. Хендикепот може да ви даде можност да се фокусирате повеќе на уметноста, пишувањето или музиката”. – Џим Дејвис

Попреченоста се јавува во многу форми, некои од нив се видливи, додека други не се. Огромен број медицински проблеми може да доведат до ограничувања кои откриваат дека лицето доживува некаква форма на попреченост. И покрај нивото на ограничувања што може да ги доживеете, секако има надеж за секој ден. Клучот за среќата е изборот да се одржи позитивен поглед на самиот живот.

Истражувачите сметаат дека се задоволни и задоволни од животот како „субјективна благосостојба“. Откриле дека имањето работи како пари и здравје не секогаш значи дека луѓето се среќни! Откриле дека некои луѓе се навистина среќни дури и ако има работи во нивниот живот што би сакале да ги променат. 

Работите што ги прават луѓето најсреќни вклучуваат:

  • Избор
  • Активности
  • Општествени улоги
  • Врски
  • Независност

Понекогаш станува неопходно да го вратите сопственото чувство на мир. Отстранете го хаосот; следете ја својата сопствена среќа. Сопственото чувство на среќа започнува со вас – одвојте време да откриете какви било позитивни работи во вашиот живот и да се надградите за нив. Споделете ги добрите работи во вашиот живот со другите и уживајте во добрите работи во животот што ги споделуваат со вас. Вклучете се во активностите во кои уживате, уживајте во нивото на независност што го имате, направете избори што можете. Изберете да ја следите сопствената среќа.

Извор: disabled-world.com

Превод: Леа Караџовска

Објавен : јануари 28, 2021