Лицата со попреченост и КОВИД-19 имунизацијата

Со вакцинацијата против КОВИД-19 ширум светот, се појавија и сериозни грижи околу тоа како и колку лицата со попреченост ќе имаат пристап до вакцините. Меѓународниот сојуз за попреченост има легитимни прашања  во врска со приоритетот на лицата со попреченост и нивните мрежи за поддршка на вакцинирањето, пристапноста до процесите на вакцинација, поврзаните информации и места, како и обезбедувањето на вакцини врз основа на бесплатна и информирана согласност од сите лица со попреченост.


Заедно со нашиот клучен партнер – Меѓународниот конзорциум за попреченост и развој (IDDC), инициравме застапување на глобално, регионално и национално ниво за да обезбедиме максимизирање на приоритетите, вклученост и пристапност на лицата со попреченост во ширењето и дистрибуцијата на вакцините против КОВИД-19.

Прво достигнете најдалеку: На лицата со попреченост мора да им се даде приоритетна пристапност до вакцините против КОВИД-19

Во име на лицата со попреченост и нивните организации, како и мрежите за поддршка низ целиот свет, ги повикуваме сите влади, преставниците на Обединетите нации и приватниот сектор:

  1. Вакцините против КОВИД-19 да се достапни во бесплатни или нискобуџетни таргетирани програми за сите лица, вклучително и лицата со попреченост и мрежите за поддршка по нивен избор;
  2. Лицата со попреченост и мрежите за поддршка по сопствен избор да имаат приоритетен пристап до вакцини; вклучувајќи лични асистенти, семејни негуватели и лица кои работат во услуги поврзани со попреченост;
  3. Сајтовите со информации за тоа каде се аплицираат вакцините да се физички достапни и да се обезбеди водење и помагање на самото место за оние на кои им е потребно. Мора да се обезбедат бесплатни или нискобуџетни насочени програми за пристапен транспорт каде што е потребно;
  4. Да се проведе специфична активност за да се осигура дека лицата со попреченост знаат за достапноста на вакцините, и сите информативни кампањи да се инклузивни и достапни за лицата со попреченост, вклучувајќи ја и соодветноста на полот и возраста;
  5. Сите информативни системи поврзани со вакцинациите да мора да соберат податоци распределени според возраста, полот и попреченоста, а веб-услугите исто така да треба да бидат целосно достапни, притоа обезбедувајќи почитување на приватниот живот и доверливоста на информациите поврзани со здравјето;
  6. Добивањето вакцина против КОВИД-19 да мора да се заснова на бесплатна и информирана согласност на лицата со попреченост. Автономијата и правната способност на сите лица со попреченост, вклучувајќи ги и лицата со интелектуална попреченост, лицата со психо-социјална попреченост и аутистичните лица не смеат да бидат поткопани со оправдувања како што се општото добро или најдобар интерес на лицето;
  7. Меѓународните организации и владата да мора да осигураат дека лицата со попреченост и нивните репрезентативни организации значајно учествуваат во креирањето политики и планирањето дистрибуција на вакцини против КОВИД-19 и сродни процеси;
  8. Организациите на лицата со попреченост мора да бидат соодветно ресурсирани за да станат партнери во ширењето на информативните кампањи; на пример, со контакти со најмаргинализираните лица, а исто така и да се осигураат дека нивните пораки се јасни, инклузивни и достапни.

Извор: International Disability Alliance

Превод: Леа Караџовска

Објавен : јуни 1, 2021