Како да забележите кога некој е осамен и што може да сторите

Начинот на кој се поврзуваме со другите луѓе има големо влијание врз нашето чувство за добросостојба. За некои луѓе со комплексна попреченост, може да личи дека постојат помалку можности за градење значајни односи од добро познати причини. Еве неколку начини со кои сите можеме да помогнеме.
Ви го прикажуваме примерот на една мајка и блогерка со нејзиниот син.
Иако осаменоста е нешто што може да нè погоди сите, луѓето со попреченост веројатно се чувствуваат поизолирани. Ова често се должи на немањето ист круг на поддршка или еднакви можности за пристап до локалните заедници.
Важно е да сме во состојба да ги забележиме знаците на осаменост за да можеме полесно да допреме до луѓето кои можеби се чувствуваат изолирани.
Ги видов овие знаци кај мојот син, во периодот од неговиот живот кога неговите социјални можности беа ограничени. Погледот му беше постојано насочен надолу и се стуткуваше во себе. Со само малку работа, доби поддршка да воспостави врски и да почне да се спријателува.
Пет знаци на осаменост
Следново однесување укажува дека некој се чувствува општествено неприфатен:
- Повлекување – Некои од нас стануваат многу потивки од вообичаено, се повлекуваат во себе и може да изгледаат притеснето.
- Повторливи движења – Може да се фатиме дека повторуваме исти движења, како удирање со ногата. Оваа сензорна стимулација понекогаш служи како замена за општествената мотивираност што ни недостасува.
- Замор или летаргичност – Вообичаено е да имаме ниско ниво на енергија. Понекогаш сме уморни без очигледна причина.
- Не сакаме да нè допираат – Иако другите можеби сакаат, не сакаме секогаш да нè гушкаат кога сме нерасположени.
- Промени во апетит – Апетитот може многу да ни варира. Може да јадеме повеќе од вообичаено, или пак одеднаш да нени се става ништо во уста.
Како да се обезбеди поддршка
Пружањето рака и давањето до знаење дека сте достапни навистина може да помогне. Секој нема да сака физичка поддршка, но убаво е да постои и таа опција.
Кога некој се чувствува осамено, излегувањето надвор, дури и на кратка прошетка, може навистина да му го подигне расположението и енергијата.
Кога се сака, има многу начини за остварување и истражување на нови врски.
Пет начини да стекнете нови пријатели
Стекнувањето пријатели може да биде малку застрашувачко, па затоа еве пет лесни предлози за акција:
- Учествувајте во групна активност – Запишете се на некаков курс или секција за да сретнете луѓе со исти интереси. Тогаш знаете дека ќе имате многу заеднички теми.
- Ручајте со различни луѓе – Оброците можат да бидат одлични периоди за дружење во денот. Седнете до некого што не го познавате и прашајте го каков му е денот.
- Не грижете се премногу – Обидете се да не ги држите во глава за најлошите сценарија. Ова го правиме сите и навистина може да нè инхибира. Толку лошите работи се случуваат многу поретко.
- Помогнете некому – Постојат ли можности да ѝ помогнете на вашата заедница? Од собирање отпадоци до лепење постери, најдете начин да се приклучите и да волонтирате со други љубезни, вредни луѓе.
- Почнете со мали чекори – Ако имате трема при пробување нови работи и запознавање нови луѓе, кажете им на тие што ги знаете да ви го држат стравот. Сигурно ќе ви дадат морална поддршка, или некоја супер идеја!
Волонтирај како пријател
Би можеле ли да бидете пријател со особа со попреченост? Тоа е веројатно најдобриот начин да волонтирате – да придружувате некој што е осамен да излезе од дома на културен настан, мал шопинг или едноставно прошетка. Пријавете се со кликнување на „волонтирај“ и придонесете многу за тие луѓе што се чувствуваат социјално исклучени.