Еден ден со Мане Неделчевски

Деветата летна објава на серијалот „Еден мој ден“ не е текстуална, туку визуелна. Бидејќи состојбата на 25 годишниот Мане (која е комбинација од LGS – Lennox Gastaut Syndrome и тешка форма на ЦП) не дозволува тој самиот да ја опише својата секојдневна рутина, тоа го стори неговиот татко Драги низ овие 25 маестрални фотографии

1 Будење.

2 Размислувам.

3 Утринско кафе.

4 Бесплатно возење.

5 Лекови.

6 Љубов.

7 Утринска хигиена.

8 Преселба.

9 Епилептичен напад.

10 Весело.

11 Доручек.

12 Дремка.

13 Животот тече.

14 Игра.

15 Бричење.

16 Како нов.

17 Бањање.

18 Убаво ми е.

19 Попладневно опуштање.

20 Ручек-вечера.

21 Кафе на балкон.

22 ТВ со баба.

23 Толку за денес.

24 Лека ноќ.

25 Помина уште еден ден.

За авторот

Драги Неделчевски е роден во 1958 година во Тетово, каде и живее со сопругата Оливера и синовите Мане (25) и Никола (21). По професија е правник и така заработува за живот. Инаку, со и за фотографијата живее од 1978 година. Тој е еден од основачите на Фото кино студиото во Домот на културата во Тетово. Со неколку колеги го основа и Фото кино клубот „Чкрап!“.Член е на Фото сојузот на Македонија, а често соработува со македонскиот Центар за фотографија, како и со „Џолев и уметностите“, каде е ментор и предавач за фотографија. Учествувал на повеќе домашни и меѓународни изложби на фотографија и е наградуван повеќе пати. Во 2009 година во соработка со Роберт Јанкулоски и Швајцарската програма за култура има изложба „ЖИВОТ ВО КУТИЈА“, фото есеј за животот на Мане. Оваа изложба потоа ја пренел во Прилеп, Белград, Сараево и Берн. Се стекнал и со звање Фотограф прва класа кое го доделува Фото сојузот на Македонија. Во 2016, Драги е претставен во проектот на Лучијано Бенетон меѓу 140-те современи ликовни уметници од Македонија. Во 2016 е објавена книгата „ЖИВОТ ВРЕДЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕ“ од авторките Емилија Георгиевска-Наневска и Мимоза Петревска Георгиева, и тој како коавтор со свои фотографии. Во 2017 е отворена неговата изложба на фотографиии „КРАТКИ ПРИКАЗНИ“ во Уметничката галерија во Тетово. Во ноември 2017 година, заедно со колегите од „Чкрап“ учествува во проектот „Колективни практики и фотографијата во регионот“ во АРТГЕТ, во Белград. За неколку експериментални и кратки документарни филмови е наградуван на Деновите на македонскиот непрофесионален филм. Еден е од основачите на Creative Exchange, група на фејсбук која разменува креативни содржини меѓу дизајнерите, фотографите, типографите и сите креативни луѓе во Македонија. Во моментов, заедно со Никола Гелевски, издавач и колумнист, ја уредува книгата „12 современи македонски фотографи“, која што треба да излезе од печат до крајот на 2019 година.

Објавен : септември 2, 2019