Бенефити од истегнувањето за корисници на колички

Како и сите луѓе, така и поединците со попреченост имаат големи бенефити од секојдневно истегнување. Без разлика дали станува збор за олабавување на грчеви или болки во мускулите или помош за зголемување на физичките способности во понатамошните години, истегнувањето може да игра голема улога при давање сигурност дека сте во топ форма на подолг период.
Разни истражувања покажуваат дека постојат голем број бенефити од истегнувањето. На пример, можат да ја подобрат флексибилноста, и следствено, дијапазонот на движење на зглобовите. За возврат, зголемената флексибилност може и многу веројатно дека ќе го подобри вашето извршување на физички активности, ќе го намали ризикот од повреди, ќе овозможи движење на вашите зглобови со полн капацитет, ќе им овозможи на вашите мускули да работат најефективно и ќе ја подобри циркулацијата.

Избегнување на болка во мускулите

Со легнување и истегнување пред каква било физичка вежба, што би можела да се состои само од туркање на вашата рачна количка – активност што редовно ја извршувате – можете да си помогнете да ги надминете сите потенцијални мускулни болки. Ова лесно може да се случи како резултат на повторливи и активни движења, како што е туркање на вашата рачна количка.
Покрај се1, истегнувањето е составен дел од рутината на вежбање на секоја личност. Гледајќи дека туркањето на вашата количка е, всушност, исто така еден вид вежба, важно е да бидете сигурни во себе и во активностите што очекувате вашето тело да ги направи. Една од многуте бенефити при истегнување е тоа што навистина може да помогне да се спречат какви било повреди на мускулите.

Заштита на зглобовите

Како што напоменавме во претходната точка за заштита на мускулите, истегнувањето исто така претставува заштита и за зглобовите. Ве осигурува дека сите сте загреани и подготвени да одите пред да ја подготвите вашата дневна рутина, што вклучува напорно движење при туркање на вашата количка.
Без оглед на видот на вашата попреченост и степенот на подвижност со кој го имате, истегнувањето 5-10 минути пред да започнете со денот може да им помогне на зглобовите да останат заштитени подолго. Ако не можете да се истегнете, некој од семејството или здравствен работник може да ви помогне во рутината за вежбање и да го подготви вашето тело за денот што следи.

Подобрете ги вашите физички способности

Без многу објаснување, самото истегнување е форма на физичко вежбање, така што со редовно истегнување ги подобрувате и физичките способности на долг рок. Од друга страна, со истегнување можете да превземете поголема одговорност кога ќе побарате од вашето тело да направи одредени работи. На пример, ако сакате да се искачите на голем рид, може да откриете дека не се заморувате (барем ако зборуваме за замор на мускулите), ако одвоите време да го подготвите вашето тело со правење работи како што се истегнување.

Подобрување на циркулацијата

Истегнувањето се покажало како одлична активност за подобрување на циркулацијата, покрај бенефитите кои ги овозможува за мускулите и зглобовите. Ова е особено важно за лица со попреченост кои користат количка, бидејќи нивниот крвен проток и вени ќе добијат мал поттик. Ова ги осигурува дека протокот на крвта ќе дојде до потребните области. Ова значи дека истегнувањето, покрај се останато, може да ја успори, забрза, дури и одложи појавата на отоци на оние места на кожата каде што притисокот е најголем. Ова не води кон следната точка.

Надминување на компликации при постојано седење

Има еден факт кој често го занемаруваат корисниците на количка, а тоа е фактот дека човечкото тело не е создадено да биде во седечка положба подолг временски период. Затоа, ако можете да практикувате конвенционално истегнување додека седите во вашата количка, и следствено, целосно да се истегнувате на кревет, при тоа да бидете сигурни дека клучни делови од вашето торзо и нозе се максимално истегнати, тогаш си допринесувате да се одлободите од непријатностите кои се јавуваат при седечката положба во текот на целиот ден, секој ден од неделата.

Помага при надминување на стресот

Бидејќи истегнувањето ви овозможува да го подобрите протокот на крв низ вашето тело, вклучувајќи го и вашиот мозок, тоа исто така резултира во помирен начин на размислување. Не само што ќе се чувствувате освежени, туку и енергетските нивоа ќе бидат зголемени, што ќе резултира во подобрено чувство на живост.
Понатаму, кога се чувствувате напнати, мускулите се стегнуваат како одбранбена стратегија. Колку повеќе се истегнувате, толку мускулите ќе бидат помалку напнати, така што оваа многу ефикасна форма на управување со стресот е исто така една од придобивките на истегнувањето.
Зошто да не го комбинирате вашето истегнување со малку јога и да ги однесете работите на следно ниво? Нормално, вашите способности кога станува збор за вежбање јога ќе зависат целосно од флексибилноста на вашето тело и вашите сопствени физички ограничувања, но како и со што било во животот, работите може да се прилагодат за да одговараат најдобро на вашите лични потреби.

Избор и превод: Леа Караџовска

Објавен : јануари 12, 2021