Бело на црно

25 март е Ден на лицата со церебрална парализа. На тие големи, знајни и незнајни јунаци од нашето соседство, град, држава. Во нивна чест објавуваме коментари и извадоци од книгата добитник на руската Букерова награда и светски бестселер, напишана токму од еден таков херој

„Бело на црно“ е извонредно лично сведоштво на едно момче, систематизирана во форма на серија автобиографски вињети, сцени главно од детството. Но, тоа е далеку од вообичаено детство, бидејќи Рубен Галего има церебрална парализа. Еве како го опишува:

Немам раце. Она што јас сум принуден да го правам е само да го растегнам значењето на тој збор. Навикнат сум. Можам да пишувам на компјутер со мојот лев показалец и можам да држам лажица во десната рака и така да јадам. Таквите ограничувања се едно, но тој натаму забележува:

Живеењето без раце не е толку тешко ако имате се` останато. Сето останато на моето тело се разви дури и полошо од моите раце.

Во најголем дел, книгата ги споменува годините на Галего поминати како сирак во разни домови за деца, болници и институции. И сето тоа во Советскиот Сојуз. Галего, всушност, не беше сирак, но тој беше фрлен во институциите од неговиот дедо, генералниот секретар на Шпанската комунистичка партија, притоа кажувајќи и` дека е мртов: „Јас не го разбирам, никогаш нема да го разберам“, пишува во едно поглавје во кое се осврнува на тоа жално парче семејна историја.

„Бело на црно“ е приказна за неверојатно добри расположби. Животот на Галего е ужасно тежок, неговите физички ограничувања го оневозможуваат самостојно да ги прави повеќето работи, а многумина од штитениците во разните домови го вознемируваат со грижата што ја бараат од помошниците. Тој речиси секогаш се обидува да го направи најдоброто и има за цел да не моли никого, така што во еден момент ќе оди дотаму што ќе се изгладне како не би им бил товар на другите.

Доброто и лошото доаѓаат неочекувано, големите дела на добрина се испреплетени со ситни подлости. Има сосема малку самосожалување во неговата сторија, иако Галего често е фрустриран поради тоа што неговата физичка состојба е изедначена и со ментална попреченост, особено оти изгледа дека е прилично паметно дете. Затоа, тој ги прифаќа повеќето нешта како факти.

Институциите каде децата со посебни потреби се згрижуваат се разликуваат во голема мера. Никој не е особено пријатен со нив, но тие умеат да го извлечат најдоброто од своите тажни ситуации. Пиење, пушење, шегување, дружење, дури и краткотрајна манија за работа: тоа се истите лудории како во повеќето интернати, само што овие деца се значително ограничени во нивните физички способности. Често Галего е љубоморен на фактот дека повеќето од нив имаат родители кои ги посетуваат или им праќаат разни работи или ги земаат со нив некаде далеку, каде што нема да се занимаваат само со попреченоста.

Некои од сцените се испрекршени, иако во најголем дел допирот на Галего е оној што не ги преоптоварува читателите со сожалување и вина. Има неколку особени луѓе кои ги запознава, но реалноста често е толку груба што станува апсурдна. Неколку сцени, исто така, ги откриваат подоцнежните епизоди од животот на Галего, вклучувајќи го и фактот дека тој се оженил, како и посетата на Америка, која е претставена како омразена, зла империја за децата во младиот ум на Галего:

Ја сакав Америка. Ја сакав уште од моите девет години. Имав девет години кога ми кажаа дека нема хендикепирани луѓе во Америка. Тие биле убивани. Сите тие. Ако детето се роди со попеченост, докторот му дава смртоносна инекција. „Сега, дали разбирате, деца, колку сте среќни што се родивте во нашата земја? Во Советскиот Сојуз, ние не ги убиваме нашите хендикепирани деца, ве учиме, третираме и ве хранаме бесплатно, па може да се здобиете и со корисна професија“. Но, јас не сакам тие да ме хранат бесплатно и никогаш не може да имам корисна професија. Сакам инекција, фатална инекција. Сакам да одам во Америка.

Значи, да, болката понекогаш е прикажана јасно и остро. Но, целата „Бела на црно“ не е депресивна книга. Таа е, всушност, речиси неосновано афирмирање на животот. Кратките поглавја, секое фокусирано на некоја епизода или краток период, се распоредени приближно хронолошки, но, се нема јасен увид додека се скока напред и назад. Ова не е директна автобиографија, туку допира до вас дефинирајќи моменти, појави и средби. Нема линеарно следење на настаните, во кој дом или болница и кога, особено затоа што поглавјата – раскази, практично скоро сите се целина сами за себе, кои до крај не остваруваат сеопфатна врска и оставаат многу отворени прашања. Сепак, ова е моќна и многу читлива книга, триумф на вољата над сите препреки!

За Рубен Галего

Рубен Галего, роден 1968 година во Москва, бил одвоен од своето семејство како бебе и одгледан во сиропиталишта и домови за стари лица, не знаејќи дека неговата мајка сѐ уште е жива. Работел како компјутерски специјалист во Русија до 2000 година, кога повторно се сретнал со својата мајка. Сега живее со неа во Германија.

Извор: Complete Review

Објавен : март 24, 2019