5 начини да им подарите убави нешта на луѓето со попреченост кои ви значат

Давањето подароци за празници е секогаш истовремено и задоволство и предизвик. Оваа година, многумина од нашите сакани продолжуваат да се соочуваат со тешкотии без преседан, кои би можеле да го променат начинот на кој размислуваме за тоа кои би можеле да бидат најсоодветните и најценетите подароци за празниците. Роднините, пријателите и колегите со попречености поминуваа низ особено тежок период во 2021 година и заслужуваат подароци што нема само да пренесат љубов и добрина, туку исто така ќе им обезбедат и вистинска и персонализирана удобност и корисност што ќе им ги подобри животите.

Како што вели поговорката, „Намерата се брои.“ Исто како и со сите други нешта кога станува збор за попреченостите, давањето подароци на луѓето со попречености бара вистинско размислување и грижа. Ви пренесуваме пет начини како да се пристапи кон бирањето подароци за луѓето со попречености во вашиот живот.

1. Купете подароци од луѓе со попреченост

Кога бирате подароци во кои вашите пријатели и роднини со попреченост ќе уживаат и ќе се поистоветуваат со нив. Зошто исто така да не се поддржат други креативци и претприемачи со попреченост така што ќе подарите производи создадени и продавани од луѓе со попреченост.

Доколку поминете малку време на социјалните медиуми посветени на луѓето со попреченост, ќе дознаете дека има и други луѓе со попреченост и нивни организации кои имаат своја „стока“ за продавање. Исто така секогаш можете и самостојно да истражувате подароци поврзани со попреченоста на направи-сам страниците како Etsy. А ако веќе ги посетувате социјалните медиуми посветени на попреченоста, проверете да видите кои од вашите омилени креатори на содржини за попреченоста имаат „стока“ за продавање.

2. Подарувајте производи насочени кон попреченоста

Најдиректниот приод кон давањето подароци на луѓе со попречености е да се побараат производи кои се специфично дизјнирани и рекламирани за луѓе со попречености и за намени поврзани со попречноста. Некои се предвидени да бидат практични или едукативни. Други пак нудат помалку опипиливи, но исто толку значајни, емоционални придобивки. И постојат бројни начини да го почнете своето пребарување.

Списанието Нова Мобилност има голем извор за практични предмети што го има насловено како 2021 Consumer Guide: How to Reinvent Yourself (Потрошувачки водич за 2021: како да се преобмислиш себеси).

Овој извор е специфично за корисници на колички, иако голем број од нивните предлози би можеле да им бидат корисни и на луѓе со други видови попреченост. Организиран е во 7 категории, секоја со упатства и критики од корисник на количка.

Адаптивните алатки и опрема можат да бидат она што целосно ќе му го смени животот некому со попреченост. Па затоа, тоа би можело да биде добра насока за бирање на подарок. Но не купувајте го првото кул нешто што ќе го видите.

Направете напор да дознаете што точно би му било најкорисно на оној кому му давате подарок. Различните попречности поставуваат различни предизвици, и бараат ралзични решенија. Плус, можноста е голема, токму пради тоа што адаптивните производи можат да бидат од суштествена важност, личноста за која го купувате подарокот веќе да ги поседува некои од најочигледните адаптивни производи. Обидете се да дознаете кои апарати би можеле да им недостигаат и со кои нерешени пречки сé уште се соочуваат во своите домови, на работа и во соседството. И не срамете се директно да прашате личност со попрченост што би сакал тој. Нешто скапо што не им одговара на потребите баш најдобро на примателите воопшто не станува подобар подарок само поради тоа што е изненадување.

На децата и младите со попреченост секако ќе им требаат практични алатки за поголема независност. Но постојат и други уникатни работи за кои треба да се размисли.

Да се купуваат подароци за деца со попреченост не е толку поразлично од купувањето подароци за кое било дете. Истовремено, сé повеќе и повеќе класични играчки се прават со силно тематско значење за деца со попреченост. И иако не секое дете со попреченост се идентификува со другите луѓе со попреченост или со претставите за неа, една кукла и и фигура на суперхерој од филмовите, книга, филм или телевизиска емисија што ги претставува луѓето со попреченост како него на позитивен начин може вистински да му ја крене самодовербата и да му помогне да развие поздрава претстава за себеси.

3. Дајте врска

Сега се чини преочигледно да се каже, но сепак вреди да се нагласи дека лесниот пристап до најсовремените интернет направи може да им отвори цели нови светови на луѓето со попреченост. Да се има некаков добро избран смартфон, таблет или компјутер би требало да се смета за стандардна опрема за повеќето луѓе со попреченост, без оглед на природата или наводната „сериозност“ на нивната попреченост.

Направите што се поврзуваат со интернет како овие се обично меѓу најпристапните потрошувачки стоки за луѓето со попреченост, речиси право од кутија. Тие ја подобруваат секојдневната комуникација, личната организираност и поврзаноста со пошироката заедница на луѓето со попреченост. И во последниве неколку месеци, тие ни го докажаа на сите нас она што многумина со попреченост го знаат со години – можноста да се работи од дома, дали поради нужност или по сопствен избор.

Тука е и фактот дека сите овие направи, иако толку лесно се адаптираат за секакви специфични попречености, сепак не се самитепо себе „специјална“ опрема. Сите ги имаме. Тоа значи дека кој било друг корисник би можел да му помогне на новиот корисник со попреченост да извлече колку што  е можно повеќе од нив и нивното поправање кога нешто ќе тргне наопаку не бара месеци на некој список за чекање на одобрение и сервисирање.

Плус, во последниве години, смарт направите купени од продавница можат да се интегрираат во она што порано беа недостапно скапи и егзотични карактеристики на „смарт домот“ кои им беа достапни со големи напори или по некоја случајност само на луѓето со најсериозна попреченост или на најбогатите. Сега, сечиј телефон, таблет или лаптоп може да автоматизира и всушност да изведува основни физички операции во домот кои им се или невозможни или тешки на луѓето со одредени видови попреченост. Не секоја поврзана направа е соодветна за секоја личност со попреченост, па затоа внимателно бирајте ги компонентите, со вклучување на личноста со попреченост.

Направите и апликациите што се засноваат врз интернетот се фасцинирачки и ослободувачки хибрид на специјализирана адаптација и мејнстрим достапност, како и практичност и социјално збогатување. Купувањето, заменувањето или апгрејдирањето на овие направи е компаративно скап подарок, но потенцијалното позитивно влијание е огромно. А да му се помогне на роднина или пријател со попреченост да „дојде на интернет“ би можело да биде заеднички идеален подарок во соработка со неколкумина други роднини или пријатели.

4. Дајте труд

Она што на многу луѓе со најразлични попречености и хронични болести им треба повеќе од сé друго не се нешта, туку повеќе помош од некого друг кој би ги сторил нешатата што тие не можат да ги сторат самите – со други зборови, труд. И за да бидеме апсолутно јасни од самиот почеток, најдобриот вид помош е помошта за која што тие ќе се чувствуваат слободни да ја насочуваат и помошта којашто повеќе ќе личи на платена работа, а не лична услуга.

Веројатно не ни е возможно на повеќето од нас да плаќаме за редовна домашна помош или домашни услуги на неодредено време како подарок. Но би можеле да сте во можност да отстапите дел од своето време и енергија, или да средите за некаква платена помош за специфични задачи што се случуваат само еднаш или само повремено. Тоа би можело да вклучува сезонско големо чистење на домот, ослободување од стари работи, реорганизација или реновирање. Ова се проекти во кои една личност со попреченост точно би можела да знае што сака, но ја нема ни физичката ни организациската способност да го сторат сето тоа сами.

Исто така подарок за паметење би можело да биде ако се согласите да придружувате личност со попреченост на излет или викенд патување на кое отсекогаш сакале да појдат, или да им помогнете со купувањето за празници, или само ако се понудите да помогнете со некои задолженија во текот на една-две недели.

Уште еден од најголемите постојани предизвици за многу луѓе со попреченост е одржувањето на постојана снабденост со храна и работи за домаќинството. Не се работи секогаш за нивно плаќање, туку исто така и за физичката логистика на купувањето – да се појде дотаму и назад, да се има времето и снагата да се купува внимателно, и способноста да се однесат сите купени работи дома и да се сместат. Напорот на купувањето може да претставува една од најголемите пречки за луѓето со попреченост. Ова стана само уште покритично за време на пандемијата, кога ризикот да се купува лично стана неприфатливо висок за луѓето со одредени попречености и хронични состојби.

5. Дајте удобност и луксуз

Конечно, не заборавајте да се навратите на оние основни совети и насоки при секое давање подароци, особено за празници. Секогаш кога тоа е возможно, не заборавајте да го земете предвид и подарувањето на ненужни луксузни нешта. И на луѓето со попреченост им „требаат“ работи што им ги збогатуваат животите и се над најосновната адаптација и преживување, особено сега.

Размислите за производи кои нудат удобност во најбуквалната, тактилна смисла, на пример електрични перничиња, ќебиња со дополнителна тежина (или само обични, погодни ќебиња), или уште подобро, поразновидни глави за туш или поубава постелнина.

И се разбира, не заборавајте им ја омилената храна или апетисани, може и најобична „утешна“ храна или нешто гурманско што повеќето од нас не би го купиле за себеси, но се вистинското нешто за специјални околности, или нешто што воопшто нема некаква логична намена!

На многу начини, да им се даваат празнични подароци на луѓе со попреченост не е поразлично од давањето подароци кому било. Бидете креативни. Дајте нешто од себеси, а не само од своите пари. Изберете ги своите подароци несебично. Подарете работи што примателите навистина ги сакаат, не само она што вие сте се инспирирале да им го дадете.

Овие начела се двојно поважни за луѓето со попреченост. Тие одат во самото средиште на она со што луѓето со попреченост најмногу се мачат во секојдневниот живот – непристапноста на стандардните производи и услуги, недостигот од индивидуална мисла и внимание, и контролата преправена во љубезност.

Затоа потрудете се сé што ќе подарите да биде пристапно – да може целосно и независно да се користи од личноста на која ѝ го давате подарокот.

Подарувајте им го на луѓето со попрченост во вашиот живот она што тие го сакаат, а не она што вие мислите дека им треба.

Ако се понудувате себеси и своето време за услуга, понудете време што тие ќе можат да го искористат за да направат нешто што тие сакаат да се стори, не само некоја специфична задача којашто вие сметате дека е важна.

Празниците се уникатна можност да сторите нешто специјално за луѓето со попреченост кои ги познавате и кои ги сакате – нешто што воедно ќе им донесе и радост и оснажување. Оваа година повеќе од кога и да е, бидете креативни и внимателни. Малку напор од ваша страна може многу да придонесе за 2022 да биде малку помалку страшна за луѓето кои во неа преживуваа страв, изолираност и тешкотии и повеќе отколку што заслужуваа.

Превод: Марија Џонс

Извор: Forbes

Објавен : декември 28, 2021