3 декември – Меѓународен ден на луѓето со попреченост

Темата на овогодишниот Меѓународниот ден на луѓето со попреченост е „Преобразливи солуции за инклузивен развој: улогата на иновацијата во создавање пристапен и еднаков свет“

Вклучување на попреченоста е суштински услов за создавање мирна и сигурна планета. Заложбата за остварувањето на човековите права на овие луѓе не е само прашање на правда, туку е и инвестирање во заедничка иднина. Инспириран од 77та сесија на Генералното собрание на ОН којашто беше отворена на 13 септември под темата „Момент на пресврт: трансформативни решенија за меѓусебните предизвици“, како и од признанието дека светот се наоѓа во критичен момент во историјата на Обединетите нации, заклучокот е дека време е да се дејствува и да се најдат заеднички решенија во градењето на поодржлив и поотпорен свет за сите сегашни и за генерациите што доаѓаат.

Сложените и меѓусебно поврзани кризи со кои се соочува човештвото денес, вклучувајќи ги шоковите кои произлегуваат од пандемијата КОВИД-19, војната во Украина и во другите земји, ама и пресвртната точка во климатските промени, сите заедно претставуваат хуманитарни предизвици од невиден карактер, како и закани за глобалната економија.

Најчесто, во моменти на кризи, најисклучени и најоставени се луѓето во ранливи позиции, како што се лицата со попреченост. Во согласност со централната премиса на Агендата за одржлив развој 2030 година „Не оставај никој зад себе“, од клучно значење е владите, јавниот и приватниот сектор заеднички да најдат иновативни решенија за и со лицата со попреченост за да го направат светот попристапно и поправично место за живеење.

Годишното одбележување на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби започна пред точно три децении. Тоа званично беше прогласено на 3 декември 1992 година со резолуцијата 47/3 на Генералното собрание на Обединетите нации. Одбележувањето на Денот има за цел да промовира разбирање за прашањата за попреченост и да мобилизира поддршка за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.

Оваа година чествувањето ќе се случи на 5 декември и ќе ги покрива следните теми:

  • Иновации за инклузивен развој за попреченост во вработувањето (SDG8): овој дијалог ќе разговара за врските помеѓу вработувањето, знаењето и вештините потребни за пристап до вработување во иновативен, брзо менуван технолошки пејзаж за сите и како помошните технологии можат да ја зголемат пристапноста до вработување и да се вклучат во работното место.
  • Иновации за инклузивен развој за попреченост во намалувањето на нееднаквоста (SDG10): овој дијалог ќе разговара за иновациите, практичните алатки и добрите практики за намалување на нееднаквостите и во јавниот и во приватниот сектор, кои вклучуваат инвалидност и се заинтересирани за промовирање на различноста на работното место.
  • Иновации за инклузивен развој за попреченост: спортот како примерен случај: сектор каде што сите овие аспекти се спојуваат; спортот како пример за добра практика и место на иновации, вработување и правичност.

Извор: United Nations

Превод: И. П.

Објавен : декември 1, 2022