Повик за формирање на трета група за психотерапија

Во психолошкото советувалиште ПРКОС во тек е формирање на трета група за психо-социјална поддршка, лична надградба и наобразба преку бесплатни тематски работилници за возрасни луѓе со физичка попреченост над 30 години, водени од начелата на позитивна психологија.

Во советувалиштето веќе се работи со две групи. Едната е сочинета од адолесценти и млади со попреченост, а другата од нивни родители. Овој повик е воедно и можност да им се придружите најдоцна до 25 октомври.

Бројот на местата во групите се ограничени и прилкучувањето е на принцип прв пријавен, прв регистриран. Затоа, доколку сте заинтересирани да станете член на една од групите, пријавете се на prkosime@gmail.com

Психолошкото советувалиште ПРКОС, специјализирано за луѓе со попреченост и за нивните семејства е прво од овој тип во Македонија. Лоцирано е во Тафталиџе 2 на улица Ванчо Мицков, 7А/2. Водители на групите се проф. д-р Драгана Батиќ,  едуцирана во областа на клиничка психологија, гешталт терапевт и проф. д-р Димитринка Јорданова Пешевска, едуцирана во областа на системска семејна психотерапија и терапија базирана на емоции.

И. П.

Објавен : октомври 16, 2023