Проекција на „Океанска терапија“

ПРКОС ве води на импресивно филмско патување низ животот на актуелниот и петкратен светски шампион во адаптирано сурфање. Ама, пред да почне да ги победува другите, Бруно Хансен успева да научи да се справува со својата параплегија. Овој документарец ги раскажува личните падови, мрачни мигови, искушенија, но, и наоѓањето нова и повторна смисла во постоењето преку страсното поврзување со океанот.

Филмот е искрена, топла и приемлива човечка сторија, чија траекторија прво ќе ве спушти на дното, па, со челичната воља на главниот лик, ќе ве крене на површината на светлината. Еднакво фасцинантен за сите возрасти, „Океанска терапија“ е сниман 2014 – 2015 г. на островот Бали, на плажите и во водите на Индискиот океан, со камерата на Патрис Рамос и буџет од 1.000 долари. Прикажуван е и наградуван на повеќе фестивали за океанска документаристика.

Проекцијата ќе се случи на 17 април во 20:30 часот преку нашата фб страна http://www.facebook.com/prkos.mk/ Бидете таму!

Објавен : март 31, 2021