Глобалната рефлексија на Френклин Рузвелт

Човечките борби не се еднодимензионални нешта. Во нивната вистинска смисла, војните отсекогаш биле еден од најкомплексните човечки напори, при што материјалната супериорност се смета подеднакво значајна како и психолошката предност. Примерот на Френклин Д. Рузвелт е доказ за тоа

Во најновите конфликти, историчарите го следат истиот модел на насилнички битки измешани со психолошка војна – од деморализирање на непријателот до мотивирање на сојузниците со „поголеми од животот“ лидерски карактеристики.
Френклин Делано Рузвелт ја беше презел таа функција за време на можеби еден од најзначајните епохи на историјата на САД, ера која секако го обликуваше карактерот на Америка за генерациите што доаѓаат. Големата депресија го имаше проголтано богатството на нацијата, а моралот се беше спуштил на најниско ниво, кога, во 1933 година, Френклин Д. Рузвелт беше избран за „ветување“ кое ќе ја врати изгубената слава на нацијата.

Но, имаше еден скриен непријател, кој Рузвелт го беше сфатил доволно добро и кој се беше сметал за потенцијална закана за неговото претседателствување. Рузвелт во 1921 година беше открил дека страда од болест која не само што може да го инвалидизира, туку и да ги попречи неговите политички амбиции. Тој беше на 39-годишна возраст и го минуваше семејниот одмор во летниот дом на островот Кампобело кога ја беше дознал вистината за заболувањето.
По неколку недели од почетна симптоми, Рузвелт беше дијагностициран со болест на полиомиелитисот и практично остана парализиран од половината надолу, поради што не можеше да оди или да се движи без помош. Му беше кажано сосема искрено дека нема лек за болеста од која страдаше и дека мора да живее со таа состојба до крајот на животот. Сепак, тој не беше тип на човек кој би можел да ја прифати оваа дијагноза и да се врзе за кревет. Френклин Д. Рузвелт беше почнал да трага по терапија за парализата и во 1926 година неговото верување во ефикасноста на хидротерапијата го беше однело во еден центар за третман во Вар-Спрингс, Џорџија. Во текот на следните неколку години, тој со вонреден напор се беше научил не само да застане, туку и да оди по неколку чекори со железни протези поставени по должината на колковите и нозете, и така да ја поддржува тежината со торзото.
Рузвелт секогаш носеше тенок, но силен бастун за да си обезбеди поголема поткрепа и им даваше инструкции на сите околу него да се осигура дека никогаш нема да биде виден во инвалидска количка, бидејќи тоа едноставно се смета за слика на слабост која непријателите лесно може да ја експлоатираат. Иако природата на болеста на Френклин Д. Рузвелт станала добро позната во текот на неговата кариера како политичар и како претседател на Соединетите Американски Држави, вистинските маки и страдања биле добро скриени од очите на јавноста.

Но, дали оваа елаборирана тајност околу болеста на Френклин Д. Рузвелт и неговата храбра борба со парализата играат улога во обликувањето на настаните од Втората светска војна? Голем број историчари тврдат дека тоа е повеќе од сигурно. Да го земеме за пример случајот на Наполеон Бонапарта, кој можеби беше највлијателниот воен лидер во европската историја. Неговите противници, особено Британците, го создадоа имиџот за Наполеон како „кус, темпераментен егзоцентричен експанзионист“, кој би одел на било која „должина“ за да си игра со своите фантазии да стане голем и покрај тоа што е кус во висина. Сепак, Наполеон воопшто не бил низок: неговата висина била околу европскиот просек на времето. Ама, пропагандата беше во британската корист и сè уште може да најдете книги кои алудираат на неговата кратка висина и краток темперамент.
Во истиот контекст, историчарите сугерираат дека американската воена моќ и супериорното воено маневрирање би можеле да бидат значително попречени доколку водачот на слободниот нов свет требаше да се види во инвалидска количка, хендикепиран и практично неподвижен. Наместо тоа, Френклин Д. Рузвелт создаде имиџ на железно силна јавна личност, на еден брз и храбар лидер, кој би можел да донесе тешки одлуки во најтешките ситуации. И кој го задржа на претседателскиот трон рекордни три мандати, од 1933 до неговата смрт – 1945 година.
Иако пред него секогаш постоеше ризик да биде изложен на не/милоста на „публиката“, тој ја менаџираше „забавата“ бавно и компонирано; тој, наводно, дури и го кореографирал секој негов потег пред секој јавен настап. Одлучноста и посветеноста на Френклин Д. Рузвелт беа пренесени во успехот на САД во Втората светска војна и нејзиното избавување од Големата депресија, награда која сè уште блеска во круната на САД многу децении подоцна.

Извоз: The Vintage News

Објавен : март 31, 2019