Гласно против непристапно

Можеби не можеме да поставиме бетонски темели или да редиме цигли, ама можеме да го кренеме гласот надлежните да го сторат тоа за нас оти пристапот е основно човечко право, а не привилегија. Станете активен член на заедницата и предупредувајте за проблеми со пристапноста што ги препознавате во вашата околина (високи, руинирани и узурпирани тротоари, улици со дупки и без звучна или визуелна сигнализација, болници и институции без рампи и лифтови, школи без адаптирани тоалети) со тоа што ќе ни пратите текст, фотки или видео, ние ќе ги објавуваме на нашата интернет страна, а потоа ќе ги доставиме до одговорните. Ајде да викнеме ГЛАСНО ПРОТИВ НЕПРИСТАПНО!

Објавен : февруари 16, 2021